Breaking News

СВЕТ

Трамп: Ќе спречам трета светска војна

Светот никогаш не бил толку блиску до избувнувањето на Третата светска војна, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп обраќајќи им се на своите приврзаници во Ајова. „Мислам дека никогаш не сме биле во толку голема опасност од трета светска војна како што сме сега. И како што велам во секој …

Повеќе »

Кери ќе ја напушти функцијата во администрацијата на САД за да помогне во предизборната кампања на Бајден

Специјалниот американски пратеник за климатски прашања Џон Кери ќе ја напушти оваа функција во администрацијата на САД во наредниот период, бидејќи планира да помогне во предизборната кампања на претседателот Џозеф Бајден, соопшти синоќа неговиот кабинет. Кери, кој е поранешен државен секретар на САД, го информирал својот персонал за одлуката по …

Повеќе »

Северна Кореја истрела балистичка ракета, првпат годинава

Северна Кореја истрела денеска балистичка ракета од нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската армија, а според јапонската крајбрежна стража, проектилот веќе паднал, јавуваат агенциите, наведувајќи дека тоа е прво лансирање на севернокорејска ракета оваа година. Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала неидентификувана балистичка ракета кон Источното Море, без …

Повеќе »

Пожари во близина на Перт, можно прогласување вонредна состојба

Стотици австралиски пожарникари денеска се борат со пожарот во близина на Перт, главниот град на Западна Австралија, а властите апелираа до населението да ги напуштат ризичните области. Портпаролот на противпожарната служба изјави дека со пожарот се борат 240 пожарникари, како и дека ситуацијата е на ниво на вонредна состојба и …

Повеќе »

Лидерите на американскиот Конгрес постигнаа договор за финансирање на владата до март

Лидерите на американскиот Конгрес постигнаа договор за нацрт-законот за краткорочно финансирање од две транши за да би било обезбедено финансирањето на владата до март, рече добро информиран извор за Си-Ен-Ен. Со новиот нацрт – закон се предвидува финансирање на Владата до 1 и 8 март. Договорот беше постигнат непосредно пред …

Повеќе »

Тајван ја повика Кина да ги „прифати резултатите од претседателските избори“

Тајван ја повика Кина да ги „уважи резултатите од претседателските избори“ кои претходниот ден ги доби Вилијам Лаи (Лаи Чин-те), кој тврди дека островот е де факто независен и вети дека ќе го брани од заканите за обединување на Пекинг. „Министерството за надворешни работи ги повикува властите во Пекинг да …

Повеќе »

Евакуиран исландскиот град Гриндавик, се заканува нова ерупција на вулкан

Рибарскиот град Гриндавик, кој се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, повторно ќе биде евакуиран поради обновената вулканска активност во областа, соопштија локалните власти. Сите 4. 000 жители треба да го напуштат Гриндавик утревечер, кога ќе започне забраната за враќање во градот во следните три недели, соопшти полицијата. Областа во близина на …

Повеќе »

Ослободени се сите затворски службеници држени како заложници во еквадорските затвори

Ослободени се сите 178 затворски службеници кои осудениците во седум еквадорски затвори ги држеа како заложници, соопшти денеска Агенцијата за спроведување на затворски санкции на Еквадор. Затворениците од понеделникот држеа како заложници 158 чувари и 20 административни службеници по зголеменото насилство во оваа јужноамериканска земја. Еквадор се бори со безбедносна …

Повеќе »

Сежурне: Украина останува приоритет за Франција се додека е потребн

Украина е и ќе остане приоритет за Франција, порача синоќа новиот француски министер за надворешни работи Стефан Сежурне на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Дмитро Кулеба. Сежурне истакна дека Украина е неговата прва дестинација во странство по неговото назначување во реконструкцијата на француската Влада оваа недела. „Украина е и …

Повеќе »

Данскиот престолонаследник Фредерик ќе биде прогласен за нов крал по абдицирањето на кралицата Маргарета Втора

Данската кралица Маргарета Втора, најдолговечниот монарх во Европа, ќе абдицира денеска на свечена церемонија и ќе му ја предаде круната на својот син Фредерик, точно 52 години откако таа самата беше крунисана. Маргарета (83) ја најави абдицијата во својот новогодишен говор и ја закажа за 14 јануари, датумот кога таа …

Повеќе »