Breaking News

СВЕТ

Блинкен допатува во Саудиска Арабија, првата дестинација од неговата петта блискоисточна турнеја

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Саудиска Арабија, првата дестинација на неговата блискоисточна турнеја. Блинкен се очекува во Ријад да се сретне со саудискиот престолонаследник и владетел на судското кралство Мохамед бин Салман, како и со саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд. Задачата …

Повеќе »

Шпанија ќе обезбеди итна помош од 3,5 милиони долари на Агенцијата на ОН за палестинските бегалци

Шпанија денеска најави дека ќе обезбеди итна помош од 3,5 милиони евра за Агенцијата на ОН за палестинските бегалци (УНРВА), чија работа е загрозена поради суспензијата на финансиите во многу земји. Како што изјави министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Луис Албарез, тие пари се наменети за продолжување на …

Повеќе »

Писториус: Барање на денот на Германија и ЕУ до Приштина е деескалација на односите со Србија

– Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, кој денеска престојува во официјална посета на Косово, порача дека „стабилноста на Косово и регионот е приоритет“ за неговата земја и за Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина. На прес-конференција по средбата со косовската претседателка, Вјоса Османи, Писториус рече дека …

Повеќе »

Околу сто мјанмарски граничари пребегаа во Бангладеш по судирите со бунтовниците од армијата на Аракан

Речиси стотина членови на граничната полиција на Мјанмар ги напуштиле своите позиции и пребегаа во соседен Бангладеш за време на судирите со локалните бунтовници, соопшти денеска граничната служба на Бангладеш. Портпаролот на граничните сили на Бангладеш, Шарифул Ислам, изјави дека мјанмарските војници се засолниле во Бангладеш во изминатите два дена …

Повеќе »

Земјоделците од Лерин одржаа мирен протест на границата со Северна Македонија

– Симболичен и мирен протест, без да биде блокиран сообраќајот и граничниот премин, одржаа земјоделците од Лерин на границата со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Во рамките на активностите и протестите на земјоделците во цела Грција, тие од Лерин, според државната телевизија ЕРТ, претпладнево со тракторите стигнале …

Повеќе »

Најмалку четворица загинати во рускиот напад врз Херсон

Најмалку четири лица загинаа денеска, а едно лице е повредено во рускиот напад врз центарот на градот Херсон, на југот на Украина, соопшти шефот на локалната воена управа, Роман Мрочко. „Тројца од загинатите се мажи на возраст меѓу 45 и 50 години кои биле во автомобил, а четвртата жртва е …

Повеќе »

ОН: Нов прилив на мигранти во Европа доколку нема прекин на огнот во Судан

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, Филипо Гранди, предупреди на нов прилив на бегалци во Европа доколку наскоро во Судан не биде потпишан договор за прекин на огнот. „Европејците секогаш се многу загрижени за луѓето кои доаѓаат преку Средоземното Море. Имам предупредување за нив дека ако не поддржат повеќе …

Повеќе »

Кличко во одбрана на Залужни поради шпекулациите за негово разрешување

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко застана во одбрана на врховниот командант на украинската армија, Валериј Залужни, поради шпекулациите дека тој наскоро ќе биде разрешен. „Општеството вознемирено го чека исходот од ситуацијата со плановите на претседателот да го разреши врховниот командант на вооружените сили Валериј Залужни. На многу начини, благодарение на …

Повеќе »

Лекари без граници: Едно дете умира секои два часа во кампот Замзан во Судан

Најмалку по едно дете умира на секои два часа во суданскиот камп Замзам, еден од најголемите и најстарите кампови за раселени лица во Судан, соопшти денеска добротворната организација Лекари без граници (МСФ). -Пред да почне конфликтот во април минатата година, луѓето во кампот многу се потпираа на меѓународната поддршка за …

Повеќе »

Маринакис: Не се разгледуваат дополнителни мерки за поддршка на земјоделците

– Владата активно ги поддржува земјоделците, една од најголемите индустрии во земјата, но не се разгледуваат дополнителни мерки, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на протестите на земјоделците, јави дописничката на МИА од Атина. По пакетот мерки што грчкиот премиер Кирјакос …

Повеќе »