Breaking News

СВЕТ

Стефановиќ: Вучиќ ја оддалечува Србија од ЕУ честитајќи му ја на Путин изборна победа

Потпретседателот на Партијата на слободата и правдата (ССП) Борко Стефановиќ изјави дека честитката на претседателот на Србија Александар Вучиќ на изборната победа на Владимир Путин испраќа порака дека не му пречи што изборите во Русија се организирани во сенката на починатиот Алексеј Навални и војната во Украина и додаде да …

Повеќе »

Суспензијата на царините и квотите за увоз на храна од Украина во ЕУ продолжена до јуни 2025 

Белгиското претседателство со Советот на ЕУ и преговарачите на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор за продолжување на суспензијата на увозните царини и квоти за украински прехранбени производи во Унијата за уште една година, до 5 јуни 2025 година.  Како што соопшти Советот на ЕУ, ваквата одлука ја потврдува непоколебливата …

Повеќе »

И Русија и Украина пријавија воздушни напади

– И Русија и Украина денеска соопштија дека одбиле голем број воздушни напади, а поради интензивираните напади во украинските погранични региони наредена е евакуација на цивилите. Руските власти соопштија дека системите за противвоздушна одбрана уништија украински ракети и беспилотни летала над пограничните региони Белгород, Курск и Воронеж. Над Саратовската област, …

Повеќе »

Британски медиуми: Почна ревизија на одлуката за непожелен за Сали Бериша, што е историски чин

Во Велика Британија почна проверка на одлуката за прогласување на поранешниот албански премиер Сали Бериша за „персона нон грата“, што тамошните медиуми го нарекуваат „историско преиспитување на одлуката на тогашната министерка за внатрешни работи, Прити Пател, со која на Бериша му се забранува влез во Велика Британија, јави Ора њуз. …

Повеќе »

ЕУ и ОН се загрижени поради новиот закон во Хонг Конг: „Се укинуваат основните слободи“

Новиот закон за национална безбедност на Хонг Конг предизвикува голема загриженост кај ЕУ и ОН и може да ги наруши основните слободи на градот под кинеска управа. Правниот пакет, познат како член 23, казнува прекршоци како предавство, саботажа, бунт, кражба на државни тајни, странско мешање и шпионажа со казни кои …

Повеќе »

Се преврте танкер во Јапонија, пет членови на екипажот се водат за исчезнати

Пет членови на екипажот се водат како исчезнати откако јужнокорејски танкер се преврте денеска кај западниот јапонски град Шимоносеки, соопшти канцеларијата на крајбрежната стража. Во моментот на инцидентот, на бродот имало 11 членови на екипажот, од кои осум биле Индонезијци, двајца Јужнокорејци и еден Кинез. Не е позната состојбата на …

Повеќе »

Автобус удри во ѕид од тунел во Кина, 14 загинати, 37 повредени

Четиринаесет лица загинаа, а 37 се повредени во сообраќајна несреќа на патнички автобус во северната кинеска провинција Шанкси, соопштија локалните власти. Патнички автобус удри во ѕид од тунел на автопатот Хохот-Беихаи во Шанкси во вторникот, објави новинската агенција Синхуа. Спасувачките сили излегле на местото на настанот, а истрагата за причините …

Повеќе »

Студија на ОН: Финците најсреќни, Авганистанците најнесреќни, Македонците на средина – на 84 место

Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја во светот освојувајќи ја титулата седма година по ред, се вели во Извештајот објавен денеска под покровителство на Обединетите нации. Северна Македонија е на 84. место, додека младите под 30 години во земјава се нешто посреќни и се наоѓаат на 67. место. …

Повеќе »

Стејт департмент: Итно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот

Стејт департментот смета дека дијалогот со поддршка на ЕУ е вистинскиот канал за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека дискусиите за динарот треба да продолжат што е можно поскоро, изјави ззаменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. . Тој на синоќешната прес-конференција …

Повеќе »

Канада го прекинува извозот на оружје за Израел, соопшти канадски владин извор

Канада ќе престане да испраќа оружје во Израел, изјави синоќа извор од канадската влада, додавајќи дека од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, Отава извезува само „несмртоносно“ оружје, пренесоа француските медиуми.  -Ние сме во ситуација кога реалноста на теренот повеќе не ни дозволува, да извезуваме оружје, рече изворот. Дозволите …

Повеќе »