Breaking News

СВЕТ

Борел: На денешниот Совет за надворешни работи очекувам важни одлуки за поддршката на Украина

– Се надевам дека денеска конечно ќе донесеме важни одлуки, пред се за Фондот за помош на Украина како дел од Европскиот мировен механизам во износ од пет милијарди евра, за што се разговара со недели, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот …

Повеќе »

Израелската армија повторно нападна цели на Хезболах во Либан

– Израелската армија соопшти дека синоќа извршила уште еден напад врз воена локација на Хезболах во Либан. Во воздушниот напад погодена е „воена структура и набљудувачка кула“ на Хезболах во јужната гранична област, објави израелската армија на Телеграм. Засега нема информации за евентуални жртви. Израел и Хезболах речиси секојдневно разменуваат …

Повеќе »

Тензии меѓу Пакистан и Авганистан откако Исламабад започна воздушни напади врз засолништата на исламистите

Пакистански борбени авиони нападнаа сомнителни засолништа на исламистички бунтовници во Авганистан само неколку дена откако беше планиран и извршен крвав обид за атентат врз пакистански воен персонал од авганистанска територија. Двата инцидента доведоа до ново зголемување на тензиите меѓу двете соседни земји, јави ДПА. -Авионите таа ноќ бомбардираа собир на …

Повеќе »

По четири месеци во Џабалија пристигна хуманитарна помош

– Израелската армија дозволи девет камиони со хуманитарна помош да влезат во северниот дел на Појасот Газа, вклучително и во Џабалија, во Беит Ханун и во Беит Лахија. Тоа е првпат по четири месеци во Џабалија да биде доставена хуманитарна помош. Хуманитарната помош е сместена во магацини кои припаѓаат на …

Повеќе »

Продолжува конститутивната седница на Собранието на Србија

Пратениците во српскиот Парламент денеска ќе ја продолжат конститутивната седница. На продолжението на конститутивната седница треба да се изберат претседател на Собранието, негови потпретседатели и членови на работните тела. Претходно во собраниска процедура влезе предлогот за избор на поранешната премиерка Ана Брнабиќ за претседател на Собранието. Во предлогот потпишан од …

Повеќе »

Во победничкиот говор, Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина и ќе ги зајакне руските вооружени сили за време на новиот претседателски мандат. Тој, исто така, се закани дека ќе ги третира „предавниците“ од волонтерски формации „како да се во воена зона“. Во говорот во изборниот штаб Путин …

Повеќе »

Маж почина откако падна од воздухопловен балон во Австралија

Еден човек почина откако падна од воздухопловен балон во Мелбурн, Австралија, јавија американските медиуми.  Балонот полетал од северните предградија на Мелбурн рано денеска и бил во воздух околу 30 минути пред човекот да падне од кошот. Телото било пронајдено во станбена област која била затворена за сообраќај од страна на …

Повеќе »

Протест во вториот по големина град на Куба поради прекини на струја и недостиг на храна

Стотици луѓе протестираа вчеравечер во вториот по големина град на Куба – Сантијаго, пренесоа британските медиуми. Демонстрантите извикуваа „моќ и храна“, покажаа видеата објавени на социјалните мрежи, откако прекинот на струја во многу кубански провинции достигна 18 часа на ден или повеќе. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел повика на „атмосфера на …

Повеќе »

Ким Џонг Ун му честиташе на Путин за изборната победа

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за победата на претседателските избори, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА. Новинската агенција објави дека Ким „испратил честитки“ до претседателот Путин и дека „амбасадорот на Северна Кореја во Русија, Шин Хонг-Чул, ќе ги достави честитките до руското Министерство …

Повеќе »

Израелската војска повторно спроведува операција во областа на болницата „Ал Шифа“ во Газа

Израелската армија денеска соопшти дека повторно распоредува војници во областа на болницата „Ал Шифа“ во градот Газа, јави ДПА. Во тек е „прецизна операција“ во областа на болницата „Ал Шифа“, објавија израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на Телеграм рано утрово. ИДФ соопшти дека разузнавачките служби укажале дека високи членови …

Повеќе »