Breaking News

СВЕТ

Над 40 Палестинци се убиени во северниот и централниот дел на Газа

Најмалку 31 Палестинец загина денеска во воздушен напад врз станбена зграда во северниот дел на Појасот Газа, според медицинските лица. Во преполниот бегалски камп Џабалија во тек е потрага по луѓе затрупани под урнатините на катната зграда. Палестинците рекоа дека израелскиот напад ја уништил зградата. Израелската армија веднаш не коментираше. …

Повеќе »

ЕУ бара КОП28 да прогласи крај на фосилните горива

Во последната фаза од политичките преговори на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени, ЕУ се залага за КОП28 да го доведе крајот на фосилните горива, објави електронското издание на невладината организација „Меѓународен институт за одржлив развој“, која го следи напредокот на преговорите на конференцијата …

Повеќе »

Шефот на СЗО: Војната во Газа има катастрофални последици по здравјето

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека војната во Газа меѓу Израел и Хамас има „катастрофални“ здравствени последици. СЗО свика специјален состанок за здравствените состојби на палестинските територии и нејзиниот шеф рече дека здравствениот систем таму пропаднал и лекарите се соочуваат со невозможна работа. -Здравствените …

Повеќе »

Доделени нобеловите награди на церемонии во Стокхолм и Осло

Затворената иранска активист за човекови права Наргес Мохамади е наградена со Нобеловата награда на денешната церемонија во Градското собрание во Осло. Нејзините деца Киана и Али Рахмани ја примија наградата во име на Мохамади (51), кој останува во ирански затвор, јави ДПА. Седумнаесет-годишните близначки го прочитале говорот на нивната мајка, …

Повеќе »

Тројца убиени и еден ранет при дилање дрога во Атланта

Најмалку три лица загинаа во престрелка во американскиот град Атланта, а едно лице е рането за време на зделка со дрога, соопшти полицијата. Полициската управа на Атланта соопшти дека полицајците одговориле на повикот во округот Бакхед вчеравечер и дека три жртви на возраст од 20 години биле прогласени за мртви …

Повеќе »

Израелските тенкови стигнаа до центарот на градот Кан Јунис во Појасот Газа

Израелските тенкови стигнаа до центарот на градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, објавија британските медиуми. Жителите на градот велат дека тенковите стигнале до главната сообраќајница која минува низ централниот дел на градот и ги поврзува северните и јужните делови на Појасот Газа. Ова се случи по интензивните …

Повеќе »

Нетанјаху ја напушти седницата на Владата на Израел за да разговара со Путин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предвреме ја напушти денешната седница на Владата на Израел и разговараше педесет минути со рускиот претседател Владимир Путни, изјави неговиот портпарол за израелските медиуми. Телефонскиот разговор доаѓа во време на затегнати односи со Русија поради нејзиниот цврст анти-израелски став во војната против палестинскиот Хамас и додека …

Повеќе »

Јордан: Израел го влече регионот во океанот на смртта, мисли дека не мора никому да одговара

Шефот на јорданската дипломатија Ајман Сафади го обвини Израел дека спроведува систематска политика на истиснување на Палестинците од Газа преку војна во која загинаа илјадници цивили. Министерот за надворешни работи на земјата што се граничи со Западниот Брег, и која прими огромен бран палестински бегалци по формирањето на хебрејската држава …

Повеќе »

Нетанјаху ги одбива повиците за запирање на војната во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги отфрли меѓународните повици за прекин на војната во Газа, опишувајќи ги како неконзистентни со поддршката на воената цел за елиминација на Хамас. На состанокот на неговиот воен кабинет, Нетанјаху рече дека им рекол на лидерите на Франција, Германија и други земји: „Не можете да …

Повеќе »

Руски лекари му напишаа отворено писмо на Путин во кое го повикаа да овозможи Навални да се лекува

Руски лекари објавија отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое бараат да му се укаже третман на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој се разболе во затвор, јави ДПА. Во писмото, потпишано од повеќе од 100 руски лекари денеска до пладне, се наведува дека одбивањето да се обезбеди лекување …

Повеќе »