Breaking News

СВЕТ

Израелската државна обвинителка го обвини министерот Бен Гвир за незаконско мешање во работата на полицијата

Израелската јавна обвинителка Гали Бахарав-Миара изјави пред Вишиот суд дека израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир незаконски се мешал во работата на полицијата околу правото на протести за време на војната во Појасот Газа.  -Како министер задолжен за полицијата, Бен Гвир може да ја утврди политиката, но не …

Повеќе »

Чешкиот претседател повика на конкретни чекори за воведување на еврото

– Чешкиот претседател Петр Павел го искористи своето прво новогодишно обраќање по преземањето на функцијата за да повика на воведување на еврото во Чешка. – Дојде време да почнеме да преземаме конкретни чекори кои ќе доведат до исполнување на оваа обврска, рече вчера 62-годишниот Павел и додаде дека за централноевропска …

Повеќе »

Најмалку 30 загинати во земјотресот во Јапонија

– Најмалку 30 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Јапонија вчера, соопштија денеска локалните власти. Меѓу смртните случаи има седум жртви во општинската болница Ваџима, јави јапонската новинска агенција Кјодо, цитирајќи ги градските власти. Спасувачките операции продолжуваат. Во градот Ваџима, во …

Повеќе »

Уште еден масовен руски ракетен напад врз Украина, целта беше Киев

Руските сили утринава повторно извршија масовен ракетен напад врз Украина, а цел беше Киев, каде во неколку наврати се слушаа експлозии, јавуваат украинските медиуми. Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина објавија дека Русија кренала во воздух 16 стратешки бомбардери „Ту-95МС“ од кои лансираше ракети и дека е прогласена тревога …

Повеќе »

Јужнокорејскиот опозициски лидер Ли Џае Мунг повреден во напад

Лидерот на јужнокорејската опозиција, Ли Јае Мјунг беше избоден со нож за време на јавен настап. Инцидентот се случил кога Ли одговарал на прашања на новинарите по посетата на градилиштето за нов аеродром на југоисточниот остров Гадеок. Островот е дел од крајбрежната метропола Бусан. -Ли паднал на земја со раскрвавена …

Повеќе »

Заедничка изјава на Борел и Шефчович по повод 30-годишнината на Европската економска област 

Европската Унија заедно со Исланд, Лихтенштајн и Норвешка во изминатите 30 години континуирано работеше на градење подобра Европа во корист на граѓаните и бизнисите и гледајќи наназад можеме да бидеме горди на она што го постигнавме, се наведува во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и …

Повеќе »

Нови правила на ЕУ против затајувањето ДДВ и за минимална стапка за корпоративно оданочување 

Во Европската Унија стапија во сила нови правила за спречување на измами со данокот на додадена вредност (ДДВ), како и за воведување минимална стапка на ефективно оданочување од 15 отсто за мултинационалните компании активни во земјите членки на ЕУ.  Новите правила за транспарентност при плаќањето на даноци од страна на …

Повеќе »

Во Јапонија регистрирани 21 земјотрес со јачина од над 4 степени според Рихтер во период од час и половина

Вкупно 21 земјотрес со интензитет од четири или повеќе степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во централниот дел на Јапонија за нешто повеќе од 90 минути, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Најсилниот од овие земјотреси бил со јачина од 7,6 степени. Властите ги повика луѓето во погодените области да се …

Повеќе »

Министерство за здравство на Хамас: Во Газа од почетокот на војната досега загинаа 21.978 луѓе

Палестинското Министерство за здравство на Хамас денеска соопшти дека 21. 978 луѓе загинале во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври. Во оваа бројка се и 156 луѓе кои загинаа во последните 24 часа, соопшти Министерството. Како што се додава, од 7 октомври досега …

Повеќе »

Путин: Украина не е наш непријател, туку Западот, кој ја користи за да се бори против Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека непријателот на Русија не е Украина, туку „западните елити“ кои ја поддржуваат. Според него, Украина е „само алатка во рацете на колективниот Запад што ја користи за да се бори против Русија“, пренесува РТНа прашањето за поддршката на Западот за Украина, рускиот претседател …

Повеќе »