СВЕТ

Во Мексико од 2000 година убиени се над 130 новинари

Во Мексико во изминатите четири дена убиени се двајца новинари, изјави претставникот на Комитетот за заштита на новинари, Алберт Хутсен. Тој додаде дека фоторепортерот Алфредо Кардосо, кој беше хоспитализиран откако беше застрелан во Акапулко, починал. Во соопштението на Обвинителството се наведува дека Кардосо, кој работел на информативен портал, бил префрлен …

Повеќе »

Шпанија најави донација од 50 милиони вакцини за сиромашните земји

Шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека неговата земја ќе донира 50 милиони вакцини за сиромашните земји во светот, односно 20 милиони повеќе од претходно најавеното. По средбата на Г-20 во Рим, Санчез прецизираше дека вакцините ќе бидат испорачани во периодот од јануари до март следната година. Сепак тој потенцираше дека …

Повеќе »

Задолжителна вакцинација за државните службеници во Малезија

Малезиските владини службеници мора да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот, во спротивно, тие се соочуваат со отказ, според новите правила, објавени денеска на веб-страницата на владата. „Согласно владина наредба, сите владини службеници се лично одговорни за својата целосна вакцинација против коронавирусот. Ова е неопходно за да се обезбедат безбедни услови …

Повеќе »

Хрватските лекари предупредуваат на преоптовареност на болниците

Хрватското здружение на болнички лекари изрази загриженост дека болниците во земјата би можеле да бидат преполни со пациенти тешко болни од Ковид-19, јави ДПА. Хрватскиот здравствен систем „повеќе не постои”, се вели во синоќешното соопштение на здружението.„Системот не постои кога ви требаат врски за да добиете кревет каде има и …

Повеќе »

Макрон: Знам дека австралискиот премиер ме излажа

Знам дека австралискиот премиер Скот Морисон ме излажа, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон, јавија австралиските медиуми. „Дали мислите дека Скот Морисон ве излажал?”, праша австралиски новинар на маргините на самитот на Г-20 во Рим, мислејќи на тајните разговори меѓу САД, Велика Британија и Австралија за одбранбениот договор што доведе …

Повеќе »

Меркел: Гасот ќе има централна улога во енергетската транзиција

Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави договорот постигнат за време на самитот на Г20 да се запре финансирањето на изградба на нови електрани на јаглен во странство. Таа истакна дека гасот ќе има клучна улога во овој процес на транзиција. Кина направи значаен чекор, на кој се приклучија и други …

Повеќе »

Вучиќ: Платите ќе се зголемат за 7-8 отсто, пензиите за 5,5 отсто, утре исплата на еднократна помош од 30 евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа најави зголемување на платите во наредната година од седум до осум отсто во јавниот сектор, зголемување на минималната плата за 9,4 отсто и на пензиите за 5,5 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. – Во Белград просечната плата ќе биде 760 евра, што …

Повеќе »

Парламентарни избори во Јапонија, отворени избирачките места

Избирачките места на парламентарните избори во Јапонија, каде не се очекува промена на власта, беа отворени утрово. Според последните анкети, владејачката Либерално-демократска партија, заедно со коалицискиот партнер Комејт, најверојатно ќе го бранат мнозинството во Долниот дом на Парламентот. Како што пренесуваат странските агенции, изборите веројатно нема да ја сменат власта …

Повеќе »

Австрија ги заострува мерките против ширењето на Ковид-19

Зголемениот број на заразени лица во Австрија доведува до построги правила за невакцинираните против Ковид-19, кои, меѓу другото, наскоро нема да можат да одат во ресторани и барови во неколку сојузни држави. По сојузните држави Штаерска и Тирол, Горна Австрија и Корушка наскоро повеќе нема да пуштаат невакцинирани луѓе во …

Повеќе »