Breaking News

СВЕТ

Најмалку четири лица загинаа во руските напади врз Херсон

Најмалку четири лица загинаа, а девет се ранети во синоќешните руски напади врз јужниот украински град Херсон, изјави регионалниот гувернер Олександр Прокудин. Украинската војска во редовниот дневен извештај објави дека пресретнала 14 од 15-те беспилотни летала испратени од Русија во Украина. Руската армија спроведува артилериски напади врз Херсон, на југот …

Повеќе »

Германската полиција ја претресе катедралата во Келн по предупредување за можен напад на новогодишната ноќ

Германската полиција соопшти дека синоќа извршила претрес во катедралата во Келн по предупредување за закана од напад на новогодишната ноќ. Весникот „Билд“ пишува дека безбедносните служби на Австрија, Германија и Шпанија добиле информации дека група исламисти сака да изврши неколку атентати во Европа, најверојатно на Нова Година и Божик. „Иако …

Повеќе »

Американски воен брод собори четири дронови испратени од Хутите од Јемен во Црвеното Море

Американски разурнувач кој патролирал во Црвеното Море соборил четири борбени беспилотни летала испратени од Јемен и насочени кон тој брод, соопшти денеска американската Централна воена команда (Центком). „Разурнувачот ‘Лабун“ вчера собори четири беспилотни летала кои дојдоа од подрачјата под контрола на Хутите во Јемен и беа насочени кон американскиот брод“, …

Повеќе »

Потона сплавот „Картел“ кај Белградскиот саем, евакуирани 30 лица

Ноќеска потона сплавот „Картел“ во близина на Белградскиот саем. Евакуирани се 30 лица, соопштија од Итната помош за агенцијата Бета.  „Нашите екипи се погрижија за околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. Тие не беа повредени, но мораа да пливаат во ладна вода и доживеаја голем стрес“, велат од …

Повеќе »

Пукање во трговски центар на Флорида, еден загинат, неколку повредени, напаѓачот побегнал

Еден маж е убиен, а неколку лица се повредени во пукање во трговски центар на Флорида. Напаѓачот го фрлил оружјето и побегнал, јави полицијата во југоисточната американска држава. Според полицијата, се претпоставува дека убиениот бил цел на напаѓачот. Тој бил застрелан повеќе пати. Трговскиот центар се наоѓа во градот Окала, …

Повеќе »

Бајден го повика Нетанјаху да ги заштити цивилите, но не и за прекин на огнот во Газа (ДПЛ)

Американскиот претседател Џо Бајден го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги заштити цивилите во Појасот Газа, но не и за прекин на огнот, јавија странските агенции. „Бајден вчера имаше телефонски разговор со Нетанјаху. Американскиот претседател побара од израелскиот премиер да ги заштити цивилите“, соопшти Белата куќа. Во соопштението се …

Повеќе »

Најмалку 16 загинати во автобуска несреќа во Никарагва

Најмалку 16 лица загинаа, меѓу кои и неколку деца, а повеќе од 26 се повредени при превртување на автобус на автопат северно од главниот град, изјави потпретседателката на Никарагва, Росарио Муриљо. Несреќата се случила во близина на Ранчо Гранде, град во департманот Матагалпа, северно од Манагва. „Девет од 16-те жртви …

Повеќе »

ОН повикаа на спасување 185 мигранти од брод во Индискиот Океан

Обединетите нации повикаа на спасување на 185 луѓе, главно жени и деца, од брод во неволја во Индискиот Океан. Околу 70 лица на бродот се деца, додека 88 се жени, се наведува во соопштението на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), во кое се додава дека бродот се наоѓа …

Повеќе »

Хамас бара меѓународна истрага за погубување цивили, наводно извршено од израелската армија

Палестинското исламистичко движење Хамас повика на меѓународна истрага за погубувањето на 137 цивили, наводно извршено од израелската армија во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври. Владата на Хамас, движењето кое е на власт на палестинската територија на Појасот Газа од 2007 година, вели дека собрала сведоштва според …

Повеќе »

Иран негираше вмешаност во нападите на Хутите врз бродови во Црвеното Море

Иранските власти денеска ги отфрлија американските обвинувања за вмешаност во неодамнешните напади на јеменските бунтовници Хути врз бродови во Црвеното Море. „Отпорот (вооружените групи кои се борат против Израел) има свои сили и дејствува според сопствените одлуки и можности“, изјави иранскиот заменик министер за надворешни работи Али Багери за локалната …

Повеќе »