Breaking News

СВЕТ

На денешен ден, пред 28 години, во Париз беше потпишан Дејтонскиот мировен договор

На денешен ден, пред 28 години, во Париз беше потпишан мировниот договор за Босна и Херцеговина, познат и како Дејтонско-Париски договор. Договорот го потпишаа тогашните претседатели на Србија, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман од Хрватска и претседателот на Претседателството на БиХ, Алија Изетбеговиќ. Тој документ со кој беше потврден мировниот договор …

Повеќе »

Изборниот молк во Србија почнува на полноќ и ќе трае до затворање на избирачките места на 17 декември

  Изборниот молк во Србија почнува вечерва на полноќ, а ќе трае до 20 часот в недела на 17 декември, кога завршува гласањето на парламентарните, покраинските и локалните избори, односно кога се затвораат избирачките места, јави Бета. На 8. 273 избирачки места своето право на глас на парламентарните избори ќе …

Повеќе »

САД очекуваат мирни и фер избори во Србија и продолжување на нормализацијата на односите со Приштина

САД очекуваат изборите во Србија да се спроведат во согласност со правилата, да поминат во мирна атмосфера и да бидат фер, а од новата влада во Белград да ги продолжи разговорите за нормализација на односите со Приштина и патот кон европската интеграција, рече помошникот државен секретар на САД за Европа …

Повеќе »

Четворица јапонски министри поднесоа оставки поради скандалот со собирање средства

Четворица министри во јапонската влада денеска поднесоа оставки поради скандал со собирање средства во кој е вмешана најмоќната фракција на владејачката партија. По информациите дека повеќе од 500 милиони јапонски јени, односно 3,1 милиони евра исчезнале од партиските фондови во период од пет години, од 2019 до 2022 година, главниот …

Повеќе »

Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година

Францускиот град Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година, објави Росела Тарантино, претседател на жирито. Избраниот француски град ќе ја понесе таа титула, што носи значителни економски и туристички придобивки. Други француски градови во конкуренција беа Руан (северозападно), Монпеље (југ) и Клермон-Феран (централен дел). За 2028 година …

Повеќе »

Путин ќе ја одржи својата годишна прес-конференција

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи својата маратонска прес-конференција откако минатата година го откажа годишниот декемвриски спектакл, јави ДПА. Прес-конференцијата во живо ќе ја пренесува државната телевизијаОвојпат ќе се одржи прес-конференција за избрани новинари, по што ќе следи сесија со прашања и одговори за обичните Руси наречена „Директна …

Повеќе »

Хуманитарните кризи ќе се продлабочат во 2024 година, тврди невладина организација

Климатските промени, влошувањето на вооружените конфликти, растечкиот должнички товар и намалувањето на меѓународната поддршка ќе ги влошат хуманитарните кризи ширум светот во 2024 година, се вели во извештајот на Меѓународниот комитет за спасување (International Rescue Committee). Организацијата со седиште во Њујорк во својата листа за следење за итни случаи од …

Повеќе »

Хантер Бајден: Нема апсолутно никакви докази дека татко ми e вмешан во мојот бизнис

Републиканците во Конгресот синоќа гласаа да се авторизира процедура за импичмент на претседателот Џо Бајден, кој самиот овој чин го нарече „политичкa махинација“.  Гласањето беше остро поделено по партиска линија со 212 демократи „против“ и 221 републиканци „за“. Целата ситуација околу импичментот е поврзана со наводно учество на претседателот Бајден …

Повеќе »

Проширувањето, Украина, Блискиот Исток и ревизијата на европскиот буџет, главни теми на Самитот на ЕУ  

Политиката на проширување на ЕУ, вклучително и процесот на стабилизација и асоцијација, најновите случувања со руската агресија врз Украина и континуираната поддршка на Унијата за земјата и украинскиот народ, ситуацијата на Блискиот Исток и предложената ревизија на повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година, ќе бидат главни теми на дводневниот …

Повеќе »

ЕУ подобро ќе ги заштити потрошувачите од флуктуации на цената на струјата

Потрошувачите во Европската унија ќе бидат подобро заштитени од силно флуктуирачките цени на електричната енергија бидејќи преговарачите постигнаа договор за реформата на пазарот на електрична енергија во ЕУ. Договорот беше постигнат утрово меѓу претставниците на земјите од Европската унија и Европскиот парламент во Стразбур. Покрај стабилизирањето на цените, реформата има …

Повеќе »