Breaking News

СВЕТ

Бројот на загинати во Газа надмина 17 илјади

Министерството за здравство во Газа соопшти дека вкупниот број на Палестинци убиени во израелските напади од 7 октомври досега е 17. 177, а повеќе од 46 илјади други се ранети. Во изминатите 24 часа загинаа 350 Палестинци, додаде Министерството, пренесе Ал Џазира. мс/фото: МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Во Азербејџан на 7 февруари ќе се одржат предвремени претседателски избори

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев потпиша наредба за распишување предвремени претседателски избори во земјата, јави азербејџанската новинска агенција АЗЕРТАЧ. Според наредбата, изборите ќе се одржат на 7 февруари во согласност со процедурата утврдена во Изборниот законик на Република Азербејџан. сд/фото:МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Републиканците на четврта дебата, повторно без Трамп

На четвртата републиканска дебата, во рамките на трката за претседателска номинација на партијата, учествуваа гувернерот Рон де Сантис, поранешната амбасадорка на Обединетите нации Ники Хејли, претприемачот Вивек Рамасвами и поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи. На дебатата и овојпат не учествуваше поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Наместо да биде …

Повеќе »

Купер: Србија затвора врата за членство во ЕУ со противењето Охридскиот договор да биде дел од поглавје 35

Со противењето на Охридскиот договор и неговиот анекс да станат дел од преговарачкото поглавје 35 за влез во ЕУ, Србија ја затвора вратата за членство во Европската унија, изјави поранешниот посредник во техничкиот дијалог меѓу Косово и Србија во 2011-2012, Роберт Купер, јави дописникот на МИА од Белград. Со ваквиот …

Повеќе »

Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 17 март, се чека на кандидатурата на Путин

Горниот дом на рускиот Парламент изгласа претседателските избори да се одржат на 17 март 2024 година. Владимир Путин, кој сè уште официјално не објави дали ќе се кандидира на тие избори, е на власт како претседател или премиер од крајот на векот, што го прави лидер на Кремљ со најдолг …

Повеќе »

Вашингтон пост: Хамас давал информации за Исламски џихад за да го измами Израел

Хамас во рамки на долгорочните планови да го измамат Израел за неговите функционери да мислат дека терористичката организација не сака конфликт, обезбедува разузнавачки информации за уште една таква организација, палестинскиот Исламски џихад, пишува Вашингтон пост. Во извештајот, кој се повикува на неименуван израелски безбедносен функционер, се вели дека Хамас ги …

Повеќе »

Сто луѓе повредени во експлозија во магацин за експлозиви на Сејшелите

Вонредна состојба е прогласена на Сејшелите по експлозија во складиште за експлозиви и поплави предизвикани од обилните врнежи. Причината за експлозијата се уште не е позната. Според последните извештаи, повредени се околу 100 лица. Како што пренесуваат медиумите, нанесена е голема штета на индустрискиот имот Провиденс и околните области на …

Повеќе »

ЕУ би можела да ги заостри санкциите кон Хамас и да ги воведе за израелските доселеници

Европската унија треба да размисли за заострување на санкциите кон Хамас и воведување санкции за израелските доселеници одговорни за насилството на Западниот Брег, соопшти дипломатската служба на Европската унија во документот подготвен за состанокот на шефовите на дипломатиите на блокот. Документот им дава на министрите опции што треба да ги …

Повеќе »

Германските машиновозачи стапуваат во нов 24-часовен штрајк, втор за помалку од еден месец

 – Германските машиновозачи синоќа стапија во 24-часовен штрајк со што вторпат за помалку од еден месец ќе биде прекинат меѓународниот, регионалниот и приградскиот железнички сообраќај, како дел од тековниот спор околу платите, јави ДПА. Националниот штрајк, што почна синоќа во 22 часот  и ќе трае до вечерва до 22 часот, …

Повеќе »

Австралија донесе закон што овозможува превентивен притвор за мигрантите

Австралија денеска усвои закон со кој се дозволува мигрантите кои биле притворени,  повторно да се притворат, доколку постои ризик да извршат сериозни прекршоци откако биле пуштени на слобода.  Според новите прописи што ги донесе парламентот, судот може да им одреди притвор на најтешките криминалци, доколку претставуваат ризик за „извршување тешко …

Повеќе »