Breaking News

СВЕТ

Хамас: Нема да преговараме за заложниците додека не завршат борбите

Палестинското милитантно движење Хамас денеска повтори дека додека не завршат борбите, нема да преговара со Израел за ослободување на заложниците. Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, изјави дека за тоа биле информирани сите кои контактирале со групата во врска со ослободувањето на заложниците, пренесува Би-би-си. -Ги известивме сите …

Повеќе »

Мамер: Евентуално стопирање на поддршката од ЕУ за Палестинците нема да се однесува на хуманитарната помош  

Евентуалната одлука за суспендирање на финансиската поддршка за Палестинците треба да ја донесе Европската комисија во консултации со останатите институции на ЕУ, но таа нема да се однесува за хуманитарната помош, изјави денеска главниот портпарол на Европската комисија, Ерик Мамер.  Тој потенцира дека има разлика меѓу хуманитарната помош и другиот …

Повеќе »

Германската полиција уапси членови на десничарското екстремистичко движење „Граѓани на Рајхот“

Германската полиција почна рации низ целата земја во домовите на членовите на десничарското екстремистичко движење „Граѓани на Рајхот“ и уапси неколку осомничени, соопшти Јавното обвинителство во Минхен. Еден осомничен, како што посочуваат од обвинителството, се согласило да учествува во планираното киднапирање на министерот за здравство Карл Лаутербах и за таа …

Повеќе »

Бројот на загинати во Газа достигна 770

– Палестинското Министерство за здравство соопшти дека досега се убиени 770 луѓе во Појасот Газа откако Израел почна со воздушни напади како одговор на нападот на Хамас. Повредени се 4. 100 луѓе. Во меѓувреме, Франција ја потврди смртта на уште двајца граѓани во Израел, со што бројот на француски државјани …

Повеќе »

Зеленски на разговори во Романија за безбедносната соработка во регионот на Црното Море

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска изјави дека пристигнал во Букурешт на разговори со романскиот претседател Клаус Јоханис за безбедносната соработка во регионот на Црното Море. „Ќе разговараме за понатамошна безбедносна соработка, развој на воздушни и други коалиции, зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, безбедносната архитектура на Црното Море и нашите односи …

Повеќе »

Али Хамнеи: Ги бакнуваме рацете на оние кои го планираа нападот

– Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, негираше вмешаност на Иран во смртоносните напади што ги почна Хамас во саботата. Но, според преводот на Ројтерс на кој се повикува Би-Би-Си, тој рече: „Ги бакнуваме рацете на оние кои го планираа нападот врз ционистичкиот режим“. Иран го финансира Хамас и …

Повеќе »

Новинар на Би-Би-Си: Ова беше најтешката ноќ во последните 20 години известување од Газа

Дописникот на Би-Би-Си од Газа, Ружди Абу Алуф, рече дека оваа ноќ била најтешката во последните 20 години од неговото известување од крајбрежниот појас што се граничи со Израел. Како што рече, во текот на ноќта имало масовни воздушни напади. „Бев во областа на градот Газа каде што беа уништени …

Повеќе »

Агенција на ОН за палестински бегалци: Во Газа раселени 187.000 луѓе

Повеќе од 187. 000 луѓе се раселени низ Појасот Газа, а се очекува тој број да се зголеми, соопшти денеска Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА). Агенцијата наведува дека во нејзините засолништа во Газа има повеќе од 137. 000 луѓе, кои се засолниле поради израелските удари кои следеа по …

Повеќе »

Франција против укинување на помошта од ЕУ за палестинското население

Франција „не е за укинување на помошта од која директна корист има палестинското население“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Париз. За ова, како што наведуваат, е информирана Европската комисија. Соопштението беше објавено откако европскиот комесар за проширување Оливер Вархеј вчера изјави дека Европската унија „веднаш ќе ги прекине …

Повеќе »

Триесетина убиени во армиски напад врз бегалски камп на северот од Мјанмар

 Во воен напад врз камп за раселени лица во северниот дел на Мјанмар загинаа 29 лица, а десетици други се ранети, изјави денеска портпаролот на етничката бунтовничка група која ја контролира областа. Мјанмарската хунта е обвинета дека извршила повеќе крвави напади врз цивилни цели во обидите да го задуши отпорот …

Повеќе »