Breaking News

СВЕТ

Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан во Скопје меѓу темите на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ 

Во Луксембург денеска започнува дводневното заседание на Советот за правда и внатрешни работи на Унијата, на кое една од точките е и подготовката за Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Скопје на 26 и 27 октомври.  На денешниот прв ден од заседанието, …

Повеќе »

Кадиров: Израел да размисли пред да ги испровоцира муслиманите ширум светот да се одмаздат

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го повика Израел да ја запре ескалацијата на конфликтот со Палестина и да размисли двапати пред да ги испровоцира муслиманите ширум светот да се одмаздат. „Ако израелскиот режим мисли дека Палестина е сама и дека можат да прават што сакаат со неа, тие се во сериозна грешка“, …

Повеќе »

МИ5 предупредува за „епски размери“ на кинеска шпионажа во Велика Британија

Кинески шпиони се обиделе да врбуваат повеќе од 20. 000 луѓе во Велика Британија, изјави шефот на британската безбедносна агенција МИ5, Кен МекКалум и предупреди на „епските размери“ на кинеската шпионажа. „Видовме кампања од епски размери“, изјави МекКалум за Би-Би-Си по состанокот на шефовите на разузнавачките служби на САД, Канада, …

Повеќе »

Албанските опозициски пратеници со поддршка за студентите по медицина – бараат од Уставниот суд да се укине Законот за задолжителна работа

Албанските опозициски пратеници предводени од демократот  Газменд Бардин, поднесоа барање до Уставниот суд за суспензија и укинување на законот со кој младите лекари се обврзани да работат пет години по добивањето на дипломата, јави Топ чанел. Со ова барање пратениците се приклучија на барањето на студентите по медицина кои од …

Повеќе »

Хамас ги обвини САД и Западот за „војната против цивилите“ во Газа

САД и сите западни земји кои го поддржуваат Израел „ја сносат целосната одговорност за војната против цивилите во Газа“, изјави денеска претставникот на Хамас, Осама Хамдан. Тој ова го изјави на прес-конференција во Либан по експлозијата во болницата Ал Ахли во Газа, пренесува Би-Би-Си. Хамас, кој управува со Појасот Газа, …

Повеќе »

Во Франција евакуирани 11 аеродроми поради дојави за поставена бомба

Единаесет аеродроми во Франција беа евакуирани денеска поради дојави за поставена бомба, потврди француската цивилна авијација. На некои аеродроми е во тек евакуација на луѓе, а на некои аеродроми веќе се евакуирани патниците и персоналот. Други, пак, продолжија да работат по извршените проверки, соопштија повеќе извори. Министерството за внатрешни работи …

Повеќе »

Малки: Израел намерно ја бомбардираше болницата Ал Ахли во Газа

Министерот за надворешни работи на палестинските власти Ријад Малки го обвини Израел за намерно бомбардирање на болницата Ал Ахли во Газа и додаде дека жителите на Појасот Газа се подложени на геноцид. Тој за време на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Саудиска Арабија рече дека израелската армија два …

Повеќе »

Фидан: Преговорите на Турција со Хамас за ослободување на заложниците досега не дадоа резултати

Во моментов нема конкретни резултати во преговорите на Турција со Хамас за ослободување на заложниците што милитантната палестинска група ги зароби во Израел и ги однесе во Газа, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Фидан истакна дека други земји, односно Катар, се ангажирани во преговори со лидерите …

Повеќе »

Шолц го осуди нападот со молотови коктели врз синагога во Берлин

Германскиот канцелар Олаф Шолц остро го осуди денешниот напад со молотови коктели врз синагога во Берлин, нагласувајќи дека Германија никогаш нема да прифати напади врз еврејските институции. Шолц, кој разговараше со новинарите за време на посетата на Египет, рече дека Германија нема да прифати насилни и антисемитски протести и дека …

Повеќе »

Абдолахиан: Земјите-членки на ОИК треба да воведат санкции кон Израел, вклучително и ембарго на нафта

Земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (ОИК) треба да воведат санкции кон Израел, вклучително и ембарго на нафта, како и да ги протераат израелските амбасадори, повика иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан. Во саудискиот град Џеда денеска се одржува итен состанок на ОИК на кој ќе се разговара …

Повеќе »