Breaking News

СВЕТ

Портпарол на Хамас тврди дека борбите траат, а тие зеле дополнителни заложници

Абу Убаида, портпарол на бригадите Из-Дин ал-Касам, военото крило на Хамас, тврди дека борбите се уште траат во неколку области во близина на северната граница на Газа, вклучувајќи ги Зиким, Суфа и Мефалсим, и дека денеска успеале да киднапираат нова група израелски заложници во појасот Газа. Абу Убаида, исто така …

Повеќе »

Најмалку тројца Американци и еден француски државјанин загинаа во нападите во Израел

Најмалку тројца американски државјани се убиени во нападите на милитантите на Хамас против Израел, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на информации од американски официјални извори. Како последица на нападите животот го загуби и француски државјанин, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Париз. Непал извести дека 11 непалски студенти по …

Повеќе »

Кинески амбасадор во ОН: Официјален Пекинг ги осудува сите напади против цивили

Кинескиот амбасадор во Обединетите нации Жанг Јун, во пресретн на седницата на Советот за безбедност посветена на ситуацијата во Израел, рече  рече дека Кина ги осудува сите напади врз цивили. Она што сега беше важно, рече тој, е да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата и да се вратиме на …

Повеќе »

ОАЕ „згрозени“ од тоа што Хамас земаат заложници

Обединетите Арапски Емирати денеска ги осудија нападите на Хамас, оценувајќи ги како „сериозна и тешка ескалација“, пренесува Скај Њуз. Министерство за надворешни работи на ОАЕ соопшти дека е „згрозено“ од извештаите за земање заложници. Земјата ги повика двете страни да „деескалираат и да избегнат проширување на грозоморното насилство со трагични …

Повеќе »

Конзервативната ЦСВ победи на парламентарните избори во Луксембург  

Опозициската конзервативна Христијанско социјална народна партија (ЦСВ) победи на денешните парламентарни избори во Луксембург, додека владината „Гамбија“ коалиција на либералите, социјалдемократите и зелените го загуби мнозинството во Парламентот, покажуваат неофицијалните конечни резултатите од гласањето.  Според податоците на Централната изборна комисија по преброените гласови од сите 739 избирачки места, ЦСВ освои …

Повеќе »

Израелско Министерство за надворешни работи: Досега добивме поддршка од 84 земји во светот

Израелското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека досега 84 земји и нации објавиле соопштенија за поддршка на Израел. Многу земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Австралија, Франција, Норвешка и Австрија, објавија изјави во кои ги осудуваат нападите и го поддржуваат правото на Израел на самоодбрана, пишува „Тајмс оф Израел“. …

Повеќе »

Палестински претставник во ОН: Блокадата на Газа предизвика страдање на цивилите

Израелската блокада на Газа не ги уништи воените капацитети на Хамас, туку само нанесе страшни страдања на целото цивилно население, изјави „постојаниот набљудувач на Палестина во Обединетите нации“, Ријад Мансур. Тој изрази загриженост дека израелската влада може да ги толкува пораките за „правото на Израел да се брани“ како „дозвола …

Повеќе »

Исламски џихад: Во заробеништво се повеќе од 30 Израелци киднапирани во Појасот Газа

Милитантната група Исламски џихад држи во заробеништво повеќе од 30 Израелци киднапирани во Појасот Газа откако Хамас ги започна нападите врз Израел во саботата, изјави лидерот на Исламскиот џихад Зијад Накеле. – Има десетици и повеќе војници и доселеници кои ги држиме како воени заробеници во Газа. Всушност, можам да …

Повеќе »

Амбасадор на Израел во ОН: Ова се воени злосторства, треба да се уништи инфраструктурата на Хамас

Амбасадорот на Израел во Обединетите нации Гилад Ердан го обвини Хамас за воени злосторства и рече дека е време да се уништи „терористичката инфраструктура“ на палестинската милитантна група. – Ова се воени злосторства, ова се очигледни документирани воени злосторства. Ерата на разумен третман на овие дивјаци заврши. Сега е време …

Повеќе »

Ердоган: Само со конечно решение на палестинско-израелското прашање може да дојде до траен мир на Блискиот исток

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска оцени дека само со конечно решение на палестинско-израелското прашање може да дојде до траен мир на Блискиот Исток, јавува Анадолија. Ердоган денеска говореше на свеченото отворање на сириската православна црква Свети Ефрем во Истанбул, првата црква изградена во Турција од основањето на Републиката и …

Повеќе »