Breaking News

СВЕТ

Мекарти најави дека нема да се кандидира повторно за претседател на американскиот Претставнички дом

  Напорите на пратеникот Мет Гејц да го собори претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти завршија синоќа успешно – и за првпат во историјата на САД, претседател на Претставничкиот дом е соборен од функцијата. „Можеби го изгубив ова гласање денеска, но додека излегувам одовде се чувствувам среќен што служев“, рече …

Повеќе »

Најмалку 21 загинат во автобуската несреќа во северна Италија, меѓу жртвите има Украинци, Германци и Французи

Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти. Најмалку 21 лице загина во трагедијата на автобусот, кој од висина од десет метри падна врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во …

Повеќе »

Си-Ен-Ен: Претседателката на Косово бара санкции за Србија

Претседателката на Косово Вјоса Османи, во интервју за Си-Ен-Ен побара од меѓународната заедница да воведе санкции за Белград, но не одговори на прашањето дали Приштина ќе ја формира Заедницата на општини со мнозинско српско население (ЗСО). Во разговор со Кристијан Аманпур, Османи избегна да даде директен одговор на прашањето дали …

Повеќе »

Мишел: Украина може да се приклучи во ЕУ во 2030 година

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Украина би можела да се приклучи на Европската унија во 2030 година „доколку двете страни си ја завршат домашната задача“. „Украина и другите земји кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските барања. Ние во …

Повеќе »

Романија ќе испрати 100 војници заради зајакнување на присуството на КФОР

  Романските власти синоќа најавија дека ќе испратат околу 100 војници за да го зајакнат присуството на КФОР во Косово по порастот на тензиите со Србија.  „Букурешт ќе испрати свој контингент“, напиша романскиот амбасадор во НАТО Ден Некалеску на социјалната мрежа Х. НАТО во петокот соопшти дека е подготвен да …

Повеќе »

Шеесет деца во Јамајка хоспитализирани откако изеле колачи од канабис

Повеќе од 60 деца од основно училиште во Јамајка се хоспитализирани откако изеле колачи од канабис во боја на виножито поради што повраќаат и халуцинираат, изјави министерката за образование на таа карипска земја на платформата X. „Уверена сум дека заедно можеме да го зајакнеме нашиот безбедносен и безбедносен режим за …

Повеќе »

Рама: НАТО треба да воспостави контрола над северниот дел од Косово

Албанскиот премиер Еди Рама во изјава за „Фајненшл тајмс“ оцени дека НАТО треба повторно да воспостави контрола врз северно Косово, повикувајќи ги западните лидери да го решат „бескрајното лудило меѓу балканските земји“. – НАТО треба повторно да воспостави контрола над северно Косово или ќе се соочи со континуирано насилство меѓу …

Повеќе »

Западните сојузници на Украина велат дека им снемува муниција

   Велика Британија и НАТО предупредија дека на западните воени сили им снемува муниција за да и дадат на Украина да се одбрани од руска инвазија, јави Би-Би-Си. Адмирал Роб Бауер, највисокиот воен претставник на НАТО, на форумот за безбедност во Варшава изјави дека „сега може да се види дното …

Повеќе »

Распишан конкурс за „Иницијативата за европски универзитети“ за 2024 година во рамки на Еразмус+ 

Европската комисијата објави Конкурс во рамки на Програмата Еразмус+ за „Иницијативата за европски универзитети“ за 2024 година на кој може да аплицираат асоцијации на високообразовни институции за спроведување на студиски програми преку кои  нивните студенти ќе можат да комбинираат студии на факултети во неколку европски земји.  Целта на Иницијативата е …

Повеќе »

Комитетот за животна средина на ЕП не ги одобри номинациите на Шефчович и Хукстра, конечната одлука одложена за денеска 

– Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната на Европскиот парламент синоќа не ги одобри номинациите на еврокомесарот за меѓуинституционални односи Марош Шефчович за извршен потпретседател ЕК за Европскиот зелен договор и на поранешниот холандски министер за надворешни Вопке Хукстра за нов еврокомесар за климатски активности, откако …

Повеќе »