Breaking News

СВЕТ

Гутереш: Насилството на Блискиот Исток е резултат на 56-годишна окупација

– Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изјави дека е длабоко вознемирен од одлуката на Израел да воведе „тотална опсада“ на Појасот Газа. Гутереш рече дека најавата на министерот за одбрана Јоав Галант дека Израел ќе ги запре сите испораки на електрична енергија, храна и гориво само ќе …

Повеќе »

Иран и Хезболах немаат никаква улога во инвазијата врз Израел, тврди претставник на Хамас

Висок функционер на Хамас вчера изјави дека само мал број високи команданти во Газа знаеле за големата инвазија во Израел, но дека сојузниците како Иран и либанското движење Хезболах „ќе се приклучат во битката доколку Газа биде подложена на војна на уништување“. Али Бараке, член на раководството на Хамас во …

Повеќе »

ПС на НАТО: Алијансата треба да остане со Украина до победата

 Парламентарното собрание на НАТО ги повика владите и земјите од воената алијанса да продолжат да ја поддржуваат Украина и да стојат покрај земјата се додека не ја постигне победата во војната против Русија.  Укринформ пренесува дека овој став произлегува од резолуцијата „Имплементација на одлуките на самитот во Вилнус: забрзување на …

Повеќе »

Кенија ќе побара од Кина кредит од милијарда долари

Кенискиот претседател Вилијам Руто во рамки на неговата посета на Кина овој месец, планира да побара од Пекинг заем од една милијарда американски долари за финансирање на прекинатите проекти за патишта. Според националните медиуми, Руто ќе побара одложување на наплатата на тековните државни долгови и отворање нови кредити. Заменик-претседателот на …

Повеќе »

Израел воспостави целосна контрола врз границата

– Израел целосно воспостави контрола над границата со Појасот Газа, соопшти армијата. Воениот портпаролот рече дека не биле пријавени дополнителни инфилтрации во изминатите 24 часа и нема докази за прекугранични тунели, јави военото радио. Претставници на Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера на брифинг рекоа дека се уште се водат борби …

Повеќе »

Нетанјаху ја повика израелската опозиција да се формира влада на национално единство

– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа повика на формирање „влада на национално единство“ откако во големата офанзива на палестинското исламистичко движење Хамас во земјата загинаа повеќе од 800 луѓе. – Ги повикувам опозициските лидери веднаш да формираат итна влада на национално единство, без предуслови, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање. Нетанјаху, …

Повеќе »

Бајден два дена бил испрашуван за доверливите документи пронајдени во неговиот дом во Делавер и канцеларијата во Вашингтон

Американскиот претседател Џо Бајден два дена бил интервјуиран во истрагата на специјалното обвинителство за неговото постапување со доверливите документи, соопшти доцна синоќа Белата куќа. Тој доброволно се пријави на интервјуто, што почна во неделата, а заврши вчера, се наведува во соопштението од неговиот кабинет за печат. Доверливите документи беа откриени …

Повеќе »

Бела куќа: Оружје и муниција се на пат кон Израел

– САД веќе почнаа да испорачуваат критично потребна муниција и воена опрема во Израел, соопшти синоќа Белата куќа, додавајќи дека Пентагон ги прегледува своите резерви за да види што друго може брзо да испрати за да го зајакне својот сојузник во војната со Хамас. Портпаролот на Советот за национална безбедност, …

Повеќе »

СЗО: Повеќето од загинатите и повредените во земјотресот во Авганистан се жени и деца

– Жените и децата сочинуваат две третини од жртвите од најновите земјотреси во Авганистан, кои се примени во болница со сериозни повреди, соопшти шефот за итни интервенции на Светската здравствена организација (СЗО) во земјата. Талибанците соопштија дека најмалку 2. 400 луѓе загинале, а повеќе од 2. 000 се повредени во …

Повеќе »

Заедничка изјава на ЕУ и Советот на Европа по повод Денот против смртната казна: На егзекуциите треба да им се стави крај еднаш засекогаш 

Европската унија и Советот на Европа го потврдуваат своето недвосмислено противење на смртната казна, вклучително и какво било нејзино повторно воведување, во сите случаи и во сите околности, се наведува во заедничката изјава на ЕУ и СЕ по повод Европскиот и светскиот ден против смртната казна – 10 октомври.  – …

Повеќе »