Breaking News

СВЕТ

Уапсени четворица членови на екипажот на грчки траект поради смрт на 36-годишен маж, кој беше турнат на атинското пристаниште

– Четворица членови на екипажот на грчки траект се уапсени поради смртта на 36-годишен маж, за кој првично имаше информации дека го загубил животот откако паднал во морето во обид да се качи на траектот во движење на атинското пристаниште Пиреа, меѓутоа, по објавеното видео од „Прото тема“ беше обелоденето …

Повеќе »

Училиштата во Црна Гора наскоро ќе добијат помошници заради спречување вандализам

Училиштата во Црна Гора наскоро ќе добијат помошници кои ќе му помогнат на персоналот во спречувањето на насилство и вандализaм. Како што е најавено во документот објавен на веб-страницата на Владата на Црна Гора, асистентите ќе се обучуваат на Полициската академија во Даниловград и обуката ќе трае 35 дена. Кандидатите …

Повеќе »

Грција втор ден зафатена од невремето „Даниел“

– Екстремните временски појави со обилен дожд, молњи и силен ветер што ги донесе невремето Даниел во Грција, продолжуваат и денеска во повеќе делови на земјата, а противпожарната служба за 24 часа примила над 1. 100 повици за помош, јави дописничката на МИА од Атина.  Во градот Волос што вчера …

Повеќе »

Вархеји во дводневна посета на Турција 

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска и утре ќе престојува во посета на Анкара на разговори со неговите турски домаќини посветени на билатералните односи и соработката меѓу ЕУ и Турција.  Како што соопшти Европската комисија, за време на дводневниот престој во Анкара, Вархеји ќе се сретне со …

Повеќе »

Украина: На пребегнатиот руски пилот на хеликоптер ќе му биде врачена награда од 500.000 долари

Руски пилот кој пребегнал на украинската страна и на таа земја и предаде руски хеликоптер Ми-8 ќе добие награда од половина милион долари, изјави украински функционер, пренесува Скај њуз. Портпаролот на украинското воено разузнавање Андриј Јусов синоќа изјави дека парите ќе бидат исплатени во украинска валута. Тој ги повика другите …

Повеќе »

Гардијан: Русија прва уништила тенк „Челинџер 2“ во изминатите речиси 30 години

Во Украина е уништен тенк Челинџер 2, што не се случило во текот на речиси 30 години користење на тие тенкови од британско производство на боиштето, пишува лондонски Гардијан. Уништувањето на „Челинџер 2“ во близина на Работин, во областа Запорожје, е прв таков инцидент во изминатите 30 години во кои …

Повеќе »

Украинска војска: Русија изврши ракетен напад врз Киев, сите проектили соборени

Рано изутринава Русија изврши ракетен напад врз Киев, но украинската противвоздушна одбрана ги собори сите проектили истрелани пред да стигнат до нивната цел, соопшти воената администрација на главниот град преку објава на социјалната мрежа Телеграм. Очевидци изјавија дека во Киев утрово биле регистррани истрели од системите за ПВО, додека во …

Повеќе »

Претседателот на Бразил легализираше повеќе автохтони резервати во Амазон

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска официјално призна две автохтони територии, давајќи им правна заштита од инвазии на илегални дрвосечачи, рудари за злато и сточари. Објавата дојде на денот кога Бразил го слави својот регион Амазон, дом на најголемата тропска прашума во светот, чие зачувување се смета за …

Повеќе »

Шефовите за одбрана од земјите-членки на НАТО ќе одржат воена конференција од 15 до 17 септември

Началниците на генералштабовите од земјите-членки на НАТО ќе ја одржат годишната конференција на Воениот комитет во Осло од 15 до 17 септември, соопшти службата на НАТО. „На покана на генералот Еирик Кристоферсен, шеф на норвешките вооружени сили, шефовите на одбраната на НАТО ќе учествуваат на годишната конференција на Воениот комитет …

Повеќе »

Путин и Си не ги координирале одлуките за Г20

– Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Си Џинпинг одвоено одлучија да не учествуваат на самитот на Г20 во Њу Делхи следниот викенд и не разговараа за тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. На прашањето дали Путин и Си ја координирале одлуката да не учествуваат на …

Повеќе »