СВЕТ

Руски дрон удрил во празно возило на шведска ТВ екипа во Запорожје

Руско беспилотно летало удрило во автомобил на екипажот на шведскиот канал ТВ4 во регионот Запорожје, пренесува „Украинска правда“. Репортерот Јохан Фредриксон и фотографот Даниел Здолшек не се повредени во нападот. Нападот се случил вчера околу 11:30 часот по локално време. Локалните медиуми посочуваат дека нападот бил извршен и покрај тоа што …

Повеќе »

Албанија: Заврши мисијата на италијанската финансиска „полиција“ за мониторинг на парцелите со канабис; уништени се 300 илјади садници

Заврши двомесечната мисијата на припадниците на италијанската Гвардја ди финанца, Агенција за спроведување на законот под надлежност на министерот за економија и финансии, а која беше ангажирана за мониторинг од воздух на територијата на Албанија и откривање на парцели засадени со канабис. На нивното испраќање на меѓународниот аеродром во Тирана …

Повеќе »

Путин се надева на мирно решение на судирот во Нагорно Карабах

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека се надева на „мирно решение“ на конфликтот во Нагорно-Карабах. -Ние сме во многу близок контакт со страните во конфликтот. Се надеваме дека можеме да постигнеме деескалација и мирно решение на проблемот, рече Путин, пренесен од руската државна телевизија. Меѓутоа, засега е нејасно дали …

Повеќе »

Мерки на грчката Влада за заштита на потрошувачите од инфлациските притисоци врз одредени производи

– Обезбедување трајно намалување на цените во маркетите со посебна ознака; строго контролирање на набавувачите и целиот синџир на снабдување; транспарентност на цените на овошјето и зеленчукот и засилување на инспекциите, се мерките кои денеска ги презентираше министерот за развој на Грција Костас Скрекас, а имаат за цел заштита на …

Повеќе »

Првите сослушувања за импичмент на Бајден ќе се одржат идната недела

Републиканските членови на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ги најавија за идната недела првите сослушувања за ипмпичмент на претседателот Џо Бајден, а поврзано со бизнис активности на неговото семејство.  Се очекува сослушувањата кои ќе започнат на 28 септември да бидат посветени на „уставни законски прашања“ поврзани со тврдењата за вклученост …

Повеќе »

ОН: Бројни измачувања и смртни случаи меѓу приведените од Талибанците

Обединетите нации забележаа повеќе од 1. 600 случаи на прекршување на човековите права врз луѓе приведени од талибанските власти, од кои некои починаа, а речиси половина од нив вклучуваат тортура или малтретирање од страна на полицајците и разузнавачите, покажа извештајот објавен денеска. Мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА) објави дека …

Повеќе »

Постигнат договор за целосен прекин на непријателствата во Нагорно-Карабах

Ерменските сепаратисти во Нагорно-Карабах денеска објавија дека ќе го прекинат огнот и ќе го положат оружјето, сигнализирајќи го крајот на антитерористичката операција што ја започнаа азербејџанските сили во отцепениот регион.  Преку посредство на командата на рускиот мировен контингент стациониран во Нагорно-Карабах, постигнат е договор за целосен прекин на непријателствата од …

Повеќе »

Германија бара Полска да ги разјасни „сериозните“ обвинувања за визите

Германија побара од полската Влада да ги разјасни „сериозните“ обвинувања за измама со визи, пред изборите во Полска на кои доминираат прашањата за имиграцијата, наведуваат извори во Берлин. Официјалните лица рекоа дека германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ја повикала својата полска колешка и дека амбасадорот на Варшава во …

Повеќе »

Кибер напад врз Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг беше жртва на кибер напад минатата недела, соопшти Судот без да открие детали за големината на нападот и за каков тип станува збор. Како што јавија холандските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, нападот бил извршен врз голем број доверливи документи. Сепак, како што …

Повеќе »

Мишел ќе побара од Кина да вложи повеќе напори за да ја поттикне Русија кон „праведен мир“ во Украина

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, директно ќе побара од Кина во Советот за безбедност на Обединетите нации да вложи повеќе напори за да ја поттикне Русија кон „праведен мир“ во Украина, се наведува во нацртот на неговиот говор на Генералното собрание на ОН, во кој имале увид британски медиуми. …

Повеќе »