Breaking News

СВЕТ

Нуркачи ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што удри во мостот во Балтимор

Нуркачи од Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што вчера рано изутрината удри во мостот „Френсис Скот Ки“, изјави претседателот на НТСБ, Џенифер Хоменди. „Црната кутија“ ќе биде анализирана и институцијата ќе испита дали валканото гориво имало улога во губењето на моќта …

Повеќе »

Врховниот суд на Индонезија ги разгледува жалбите на кандидатите кои тврдат дека изборите биле наместени

Уставниот суд на Индонезија ги сослуша жалбите на двајцата претседателски кандидати кои бараат прегласување, наведувајќи големи нерегуларности и измами на неодамнешните избори на кои и двајцата загубија. Министерот за одбрана Правобо Субианто победи на изборите во февруари со 58,6 отсто од гласовите, но другите двајца поразени кандидати, поранешниот гувернер на …

Повеќе »

Вештачката интелигенција би можела да укине 7,9 милиони работни места во Велика Британија

Развојот на вештачката интелигенција би можел да доведе до укинување на 7,9 милиони работни места во Велика Британија, а најзагрозени категории се жените, младите работници и вработени кои се послабо платени, се вели во новиот извештај на Институтот за истражување на јавните политики. Институтот истакна дека воведувањето нови технологии за …

Повеќе »

Министерството за здравство на Грција изработи акциски план за вирусот Западен Нил

 – Со цел стандардизирано спроведување на активности за управување и намалување на опасноста од пренесување на вирусот, Министерството за здравство на Грција изработи интегриран акциски план за заштита од вирусот Западен Нил, јави дописничката на МИА од Атина.  Како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, примарна цел на …

Повеќе »

Франција испраќа хаубици „Цезар“ во Украина

Франција наскоро ќе може да испорача 78 хаубици „Цезар“ во Украина, со што ќе ја зголеми понудата на гранати за да ја задоволи итната потреба на Украина од муниција во борбата против руската инвазија, пренесе Бета. Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну изјави дека е постигнат договор меѓу Франција, Украина …

Повеќе »

ЕК подготви Упатство за ублажување на онлајн ризиците по изборните процеси 

Европската комисијата изработи Упатство со препорачани мерки наменети за „многу големите онлајн платформи“ со цел ублажување на системските ризици на интернетот што би можеле да влијаат врз интегритетот на изборните процеси, со посебни конкретни насоки за јунските избори за членови на Европскиот парламент.  Како што јави дописникот на МИА од …

Повеќе »

Хезболах со баражен оган го нападна северен Израел по загинувањето на седум либански спасувачи

Либански Хезболах денеска соопшти дека испукал баражен оган врз северен Израел како одговор на израелскиот напад врз едно погранично село, во кој загинаа седуммина спасувачи. Во гранатирањето на градот Кирјат Шмона, на северот на Израел, загина еден израелски цивил, соопшти спасувачката служба. Либанската исламистичка организација Џама Исламија претходно објави дека …

Повеќе »

Бајден на митинг во Северна Каролина го нарече Путин „касап“

На митинг синоќа во Северна Каролина претседателот на САД Џо Бајден предложи намалување на здравствените трошоци во САД и зголемување на данокот за богатите Американци од 8,2 до 25 отсто, аргументирајќи дека тоа е можност за значајно пополнување на федералниот буџет во наредните десет години. -Замислете што би можеле да …

Повеќе »

Продолжува расправата во грчкиот Парламент по предлогот за гласање недоверба на Владата на Мицотакис

– Во грчкиот Парламент денеска продолжува расправата за гласање недоверба на актуелната Влада, по поднесениот предлог од четири опозициски партии поради новите информации објавени од весникот „То вима“ за железничката несреќа во февруари минатата година кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина.  Пратениците од пратеничките групи на ПАСОК, СИРИЗА, …

Повеќе »

Русија ја нападна Украина со 13 дронови, од кои 10 беа соборени од украинските сили, изјави украински претставник

Русија синоќа ја нападна Украина со 13 беспилотни летала Шахед, од кои 10 беа соборени над регионите Киев, Суми и Харков, изјави Микола Олешчук, командант на украинските воздухопловни сили. „Во одбивањето на нападите беа ангажирани противвоздушни ракетни единици, мобилни противпожарни групи, опрема за електронско војување“, рече Олешчук. рп/Фото: МИА архива …

Повеќе »