СВЕТ

Најмалку три деца ранети во пукањето во училиштето во Финска

Најмалку три деца се повредени во инцидентот во основно училиште во финскиот град Вантаа, северно од главниот град Хелсинки, соопшти полицијата, пренесе ДПА Осомничениот за нападот е приведен и се дознава дека е малолетник. Пукање се случило во училиште во областа Виертола, во градот Вантаа, соопшти финската полиција. „Полицијата е на …

Повеќе »

Европското обвинителство започна истрага за злоупотреба на ЕУ фондови во Бугарија

Европското јавно обвинителство соопшти дека неговата канцеларија во Софија започнала истрага со цел да собере евентуални докази во врска со сомнежите за проневера и злоупотреба на средства од фондови на ЕУ и за перење пари поврзани со изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во Бугарија, тунелот „Железница“ на автопатот „Струма“ во …

Повеќе »

Трамп даде гаранција од 175 милиони долари за да избегне заплена на имот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп достави гаранција од 175 милиони долари пред судот во Њујорк, откако доцнеше да плати повеќе од 454 милиони долари во случајот со граѓанска измама. Таа гаранција го спречува запленувањето на имотот и средствата на Трамп додека тој се жали на пресудата. Доколку неговата жалба против …

Повеќе »

Осуммина загинати во сообраќајна несреќа во Албанија

Осум лица, од кои седум илегални мигранти, загинаа денеска во сообраќајна несреќа во Албанија кога возило паднало во реката Вјоса од висина од 100 метри, соопшти полицијата.  Се претпоставува дека возилото се движело со брзина поголема од дозволената, а возачот не го познавал добро патот Келчире-Пермет, каде се случила несреќата, …

Повеќе »

Тројца загинати во лавина во Швајцарија

Три лица загинаа, а уште едно е повредено во лавината што вчера попладне се спушти од планина во Рифелберг, во близина на швајцарскиот алпски ски-центар Цермат, соопшти полицијата. Портпаролот на полицијата во јужниот кантон Вале немаше детали за идентитетот на луѓето зафатени во лавината. Исто така, не е јасно дали …

Повеќе »

Мансур: Палестинската управа овој месец очекува гласање за прием во ОН

Палестинската управа (ПА) посакува Советот за безбедност на Обединетите нации во текот на овој месец да гласа за приемот на Палестина во ова тело, изјави палестинскиот претставник на ОН, Ријад Мансур. Мансур, кој има статус на постојан набљудувач во ОН, за британските медиуми изјави дека нивна цел е Советот за …

Повеќе »

Официјален Техеран предупредува на можни одмазнички мерки по нападот врз иранската Амбасада во Дамаск

Иран предупреди на можни „реципрочни мерки“ по израелските напади врз иранската амбасада во Дамаск, во кои најмалку пет припадници на Иранската револуционерна гарда, меѓу кои и еден командант, биле убиени, јави Си-Ен-Ен. Во вчерашниот напад на иранската амбасада во Сирија, за кој Техеран и Дамаск тврдат дека е изведен од …

Повеќе »

Возач се забил во капијата од седиштето на ФБИ во Атланта, па се обидел насилно да влезе во зградата

Возач, со засега неутврден идентитет, удрил во капијата на седиштето на Федералното истражно биро во Атланта, во американската сојузна држава Џорџија, соопшти ФБИ. ФБИ за Фокс њуз соопшти дека возилото удрило во капијата каде што влегуваат вработените околу пладне по локално време, и дека возачот потоа се обидел насилно да …

Повеќе »

Пет лица загинаа, меѓу кои и две деца, во невреме во Полска

Пет лица загинаа во вчерашното невреме во Полска, откако паднале дрвја врз нив, кога налети на ветровите достигнуваа  155 километри на часВо градот Рабка-Здрој двајца возрасни и едно дете загинаа под дрво, соопштија пожарникарите. Во Закопане 23-годишна жена и деветгодишно момче загинаа во слични околности. Пожарникарите вчера изутрина интервенирале 140 …

Повеќе »

Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Јапонско Море

Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море, а проектилот падна во водите надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, соопшти јапонското Министерство за одбрана. Ракетата беше истрелана во 6:52 часот по локално време, во североисточен правец од западниот брег на Северна Кореја,  и прелетала повеќе од 650 километри …

Повеќе »