Breaking News

СВЕТ

Израел уби командант на Палестински исламски џихад

– Командант на Палестински исламски џихад (ПИЈ), група на Хамас, Мухамед Хавашин, почина денеска од повредите кои ги добил во вчерашниот израелски воздушен напад врз Западниот брег. Во нападот биле убиени вкупно четворица оперативци на ПИЈ, пишува Тајмс оф Израел. Според израелските одбранбени сили, Хавашин и Ахмед Баракат, еден од …

Повеќе »

Небензја пред СБ на ОН: Израелските воздушни напади врз Сирија го прекршуваат меѓународното право

– Израелските воздушни напади врз цели во Сирија ги прекршуваат основните правила на меѓународното право и суверенитетот на таа земја, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја на седницата на Советот за безбедност. Небензја ја изрази својата загриженост особено поради фактот што Израел ги интензивира воздушните напади …

Повеќе »

Волстрит журнал: Трамп е на пат да заработи 3,5 милијарди долари од „Трут соушал“

Едно од решенијата на финансиските проблеми на  Доналд Трамп, експретседател на САД и претседателски кандидат на републиканците, е да добие речиси 3,5 милијарди долари од својот удел во неговата социјална мрежа „Трут соушал“. Трамп се соочува со краен рок да обезбеди гаранција за плаќање на 454 милиони долари казни пресудени …

Повеќе »

Германскиот парламент ја доби првата глува пратеничка

Германскиот парламент денеска ја пречека првата глува пратеничка, која претседателот на Бундестагот ја опиша како историска. Хајке Хојбах (44) „тесно“ загуби место во Долниот дом на парламентот, Бундестагот, по изборите во 2021 година. Таа, меѓутоа, сега влезе во парламентот откако го замени Ули Греч, баварскиот колега од редовите на социјалдемократите …

Повеќе »

Денков: Очекуваме покана од мандатарите за продолжување на преговорите за влада

Чекаме покана од мандатарите за продолжување на преговорите за влада, расположени сме доколку има желба, изјави денеска бугарскиот премиер во оставка Николај Денков во Брисел, каде што пристигна да учествува на дводневната средба на Европскиот совет. „Треба да се искористат сите можности за преговарање, а за првиот мандат да се …

Повеќе »

Милановиќ: ХДЗ нема да може да формира влада, за Пленковиќ „играта е завршена“

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска од Пула изјави дека неговата цел е победа, дека за лидерот на ХДЗ и премиер Андреј Пленковиќ „играта е завршена“, нема, вели, да ја зачува ниту европската фотеља, а ниту неговата ХДЗ нема да може да ја формира новата хрватска влада. „Мојата цел е победа. …

Повеќе »

Средба Дачиќ-Лавров во Москва: Билатералните односи меѓу Србија и Русија на високо ниво

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска во Москва на почетокот на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека односите меѓу двете земји и покрај бројните предизвици се на високо ниво, јави дописникот на МИА од Белград. Првиот дел од средбата беше отворен …

Повеќе »

Русија го протера дописникот на „Ел Мундо“, Колас

– Дописникот на шпанскиот весник „Ел Мундо“ е протеран од Русија откако властите не му ја продолжија визата Ксавијер Колас по 12 години поминати во Русија вчера мораше да замине откако не доби документи „неопходен“ за работа во земјата. „Ел Мундо“ тврди дека неименуван руски функционер го информирал Колас оти …

Повеќе »

Гутереш: Живееме во хаотичен свет во кој секој смета дека може да прави што сака 

Живееме во хаотичен свет со суперсили кои се во судир една со друга и во кој поради постоењето на неказнивост секоја земја или вооружена група смета дека може да прави што сака, порача генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш при пристигнувањето на Самитот на ЕУ во придружба на претседателот на …

Повеќе »

Педесет милитанти загинаа во израелски напад врз болницата Ал Шифа во Газа

Уште 50 милитанти се убиени во офанзивата на израелската армија врз болницата Ал Шифа во градот Газа, соопшти денеска армијата. – Во изминатиот ден во размената на оган беа елиминирани над 50 терористи, соопшти армијата, додавајќи дека од почетокот на операцијата пред неколку дена во реонот на болницата биле елиминирани …

Повеќе »