СВЕТ

Светската здравствена организација го предупреди Бразил да нe ја отвора економијата

Светската здравствена организација го предупреди Бразил да не ја покренува својата економија пред да може да тестира доволно луѓе за да се контролира ширењето на коронавирусот. Извршниот директор на организацијата за вонредни ситуации, Мајкл Рајан на прес-конференција рече дека интензивната стапка на трансфер значи дека Бразил треба да задржи во …

Повеќе »

Од јуни во Јужна Кореја задолжителни заштитни маски во јавен превоз и такси

Од јужнокорејските граѓани ќе се бара да носат заштитни маски во такси возилата и јавниот превоз, почнувајќи од следниот вторник. Истата мерка ќе се применува на сите домашни и меѓународни летови од следната среда, соопшти Министерството за здравство. Почнувајќи од јуни, сите сопственици на високоризични објекти за пренос на вирусот, …

Повеќе »

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Американската администрација веројатно ќе воведе санкции против Кина доколку Пекинг одлучи да го примени законот за национална безбедност, со кој ќе добие поголема контрола врз Хонгконг, предупреди советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Роберт О’Брајан. Тој тврди дека предлог-законот претставува преземање на Хонгконг, наведувајќи дека последиците од неговата примена …

Повеќе »

Конфискувани четири милијарди долари на поранешниот претседател на Судан

Властите на Судан конфискуваа банкарски сметки на поранешниот претседател на земјата Омар ал Башир, на негови роднини и соработници во вредност од четири милијарди долари, објави телевизијата Ал Арабија, повикувајќи се на податоци од суданската Комисија за борба против корупција. Вредноста на сметките и акциите во различни компании, кои се …

Повеќе »

Во најдлабокиот рудник на светот заразени 164 рудари со Ковид-19

Во најдлабокиот рудник на светот, Мпоненг во Јужна Африка, 164 рудари заболеле од новиот коронавирус, поради што рудникот ќе биде затворен на неопределено време. Рудникот за злато, во сопственост на компанијата „Англоголд Ашанти”, повторно почна со ископувања на 22 април и со 50 отсто капацитет, а потоа беше затворен во …

Повеќе »

Продолжува снимањето филмови и серии во Калифорнија

Калифорнија следната недела ќе објави насоки за продолжување на продукцијата на холивудски филмови и телевизиски серии, кои беа запрени поради мерките околу коронавирусот, но гувернерот на таа американска држава Гавин Њусам предупреди дека округот Лос Анџелес најверојатно ќе биде исклучен од таа прва фаза на отворање Студијата за снимање се …

Повеќе »

СЗО: Јужна Америка е ново жариште, расте бројот на заразени во Африка

Јужна Америка стана нов епицентар на коронавирусот, а најтешко погодена земја е Бразил, додека расте бројот на смртни случаи во некои африкански земји, кои досега немале голем број починати, објави Светската здравствена организација (СЗО). „Пандемијата на Ковид-19 се прошири на повеќе од 100.000 луѓе во Африка. Вирусот сега се шири …

Повеќе »

САД ставија 33 кинески фирми на црна листа

Американското Министерство за трговија соопшти дека додава 33 кинески компании и други институции на економската црна листа поради злоупотреби на човековите права и загриженоста за американската национална безбедност, што вклучува оружје за масовно уништување и други воени активности. Американските медиуми коментираат дека црната листа е последниот обид на администрацијата на …

Повеќе »

Лондон воведува 14-дневен карантин за сите кои доаѓаат од странство

Велика Британија ќе наметне 14-дневен карантин на патниците кои пристигнуваат од странство за да го ограничи ширењето на новиот коронавирус. Ова го соопшти денеска британскиот министер задолжен за Северна Ирска, Брендон Луис. „Луѓето кои пристигнуваат во Велика Британија мора да останат во карантин, изјави Луис за „Скај њуз“. Вчера министерот …

Повеќе »