Breaking News

СВЕТ

Холандскиот премиер Руте гледа напредок во планот за искористување на средствата од замрзнатите руски активи

Земјите од Европската унија се повеќе се обединуваат кога станува збор за користењето на средствата од замрзнатите руски активи во врска со војната во Украина. Мојот впечаток е дека постепено постигнуваме консензус, рече холандскиот премиер во заминување Марк Руте на крајот од првиот ден од европскиот самит, јавија холандските медиуми. …

Повеќе »

Од почетокот на годината Франција им даде азил на 19 дезертери од руската армија

Вкупно 19 руски државјани добиле азил во Франција од почетокот на годината, соопшти денеска Националниот суд за азил, кој во јули 2023 година, начелно го призна статусот на бегалци на руските војници кои одбиле да војуваат во Украина. Според одлуките на тој суд, „од 1 јануари до средината на март …

Повеќе »

Шмигал: Енергетскиот систем на Украина, по рускиот ракетен напад, е под контрола

Ситуацијата во енергетскиот систем на Украина останува под контрола по неодамнешниот руски ракетен напад и нема потреба да се воведуваат распореди за прекин на енергијата низ целата земја, изјави украинскиот премиер Денис Шмигал во својата објава на Телеграм. Утринава Русија изврши масовен напад врз цивилната и енергетската инфраструктура на Украина, …

Повеќе »

Израелска армија: Убиени се околу 150 милитанти во рација во болницата Ал Шифа, над 500 уапсени

Израелската армија соопшти дека околу 150 вооружени луѓе биле убиени, а повеќе од 500 осомничени биле уапсени при рација во болницата Ал Шифа во градот Газа, која трае четврти ден, и за која тврди дека била насочена против милитантите на Хамас. „Израелските сили уапсија стотици борци на Хамас и Исламски …

Повеќе »

Нов земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер регистриран во близина на брегот на Индонезија

Нов земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на индонезискиот остров Јава на длабочина од 10 километри, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, клима и геофизика. Епицентарот на земјотресот, како што посочија од агенцијата, бил на околу 130 километри северно од Тубан во провинцијата Источна …

Повеќе »

Лондон и Канбера повикаа на итен прекин на борбите во Појасот Газа

Министрите за надворешни работи и одбрана на Велика Британија, Дејвид Камерон и Грант Шапс и на Австралија, Пени Вонг и Ричард Марлс денеска повикаа на итен прекин на борбите во Појасот Газа по состанокот во Аделаида, јужна Австралија. Во заедничката изјава министрите ја истакнаа потребата веднаш да се прекинат борбите …

Повеќе »

Грција одобри купување седум противпожарни авиони од Канада

Грција одобри купување на седум противпожарни авиони од Канада за да ја зајакне својата одбрана од шумски пожари кои направија хаос низ земјата во последните години. Парламентот синоќа даде зелено светло за набавка на седум противпожарни авиони ДХЦ-515 од канадската комерцијална корпација за 361 милион евра. Според договорот, авионите мора …

Повеќе »

Плакало: Политичарите во БиХ имаат поголеми обврски од синоќа

Генералниот секретар на Европското движење во Босна и Херцеговина, Харис Плакало денеска изјави дека синоќешната одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите со БиХ е надеж за граѓаните на Босна и Херцеговина за подобро утре. -Прво, ова е навистина голем чекор напред и напредок за Босна и Херцеговина, а …

Повеќе »

САД ја предупредуваат Украина да престане со нападите врз руската енергетска инфраструктура

САД ја повикаа Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура, предупредувајќи го Киев дека нападите со беспилотни летала ризикуваат да ги зголемат глобалните цени на нафтата и да предизвикаат одмазда, објави британскиот „Фајненшл тајмс“, цитирајќи три извори „запознаени со дискусиите“, пренесе БТА. Повторените предупредувања од Вашингтон беа упатени …

Повеќе »

Зеленски: Големи руски напади со ракети и дронови, изразувам сочувство до семејствата на загинатите

Во текот на претходната ноќ, Русија лансираше околу 90 проектили и 60 експлозивни беспилотни летала кон Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека во тие напади има загинати. „Имаше повеќе од 60 Шахед (вид на експлозивно беспилотно летало) и речиси 90 проектили од различни типови“, напиша Зеленски на социјалните …

Повеќе »