Breaking News

СВЕТ

Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент

– Техничкиот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ синоќа изјави дека во тек се прелиминарни разговори со десничарското „Татковинско движење“ за формирање парламентарно мнозинство и рече дека тој ќе формира нова влада, а не опозицијата предводена од Социјалдемократската партија (СДП). Тој оцени дека СДП е губитник …

Повеќе »

Седум лица повредени во руски напад со дронови врз Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти. -Во нападот се уништени најмалку 14 станови, изјави градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, , пренесе агенцијата Униан. Во текот на ноќта и главниот град на Украина беше цел на руски …

Повеќе »

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

– Претседателката на Горниот дом на рускиот парламент Валентина Матвиенко, блиска соработничка на Владимир Путин, денеска ја предупреди Европа дека Русија веќе напишала закон за да се одмазди доколку Западот заплени речиси 300 милијарди долари руски имот и ги искористи за помош на Украина. Откако Путин испрати војници во Украина …

Повеќе »

Амирабдолахиан: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

 – Санкциите на Европската унија се за жалење, изјави денеска шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амирабдолахиан. Санкциите, за кои беше постигнат принципиелен договор минатата недела, треба да му бидат наметнати на Техеран по нападот на Иран врз Израел, пренесуваат британските медиуми. Амирабдолахиан во објава на платформата Х напиша дека е …

Повеќе »

Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец

– За убиството на полицаец во декември минатата година за време на одбојкарски натпревар во Атина, но и за други инциденти поврзани со спортско насилство, грчката полиција уапси 67 лица, кои утрово ќе бидат изведени пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. Началникот на грчката полиција Димитриос Малиос …

Повеќе »

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.  Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз. Најт додаде дека полицијата сè уште …

Повеќе »

Британскиот парламент усвои закон за враќање баратели на азил во Руанда

Британскиот премиер Риши Сунак вчера во денот кога Горниот дом на парламентот го усвои потребниот закон вети дека во рок од 10 до 12 недели ќе започне да испраќа во Руанда баратели на азил за да ги процесуираат нивните барања, што беше одложено со месеци поради парламентарните обиди за промена …

Повеќе »

Во руски ракатен напад урната ТВ кулата во украинскиот град Харков

Телевизиска кула, висока 240 метри, во украинскиот град Харков вчера се преполови и се урна на земја по рускиот ракетен напад врз телевизиската инфраструктура, соопштија локалните власти,. Во прекин е емитувањето на ТВ сигналот во вториот по големина украински град, што во последните неколку недели беше цел на серија руски …

Повеќе »

Десет загинати во судар во воздух и уривање на два малезиски воени хеликоптери

Воената морнарица на Малезија соопшти дека два воени хеликоптери се судриле и се урнале за време на денешните вежби, при што загинале 10 лица во него. Хеликоптерите биле на обука во поморска база во државата Перак за прославата на 90-годишнината од морнарицата, што ќе се одржи во мај, пишуваат француските …

Повеќе »

Најдобрите американски колеџи се борат со протести против војната во Газа

– Протестите против војната во Газа се проширија од Колумбија и Јеил на други американски универзитети додека властите се обидуваат да го разбијат растечкото протестно движење, пренесува Би-Би-Си. Полицијата синоќа го прекина протестот на Универзитетот во Њујорк и изврши голем број апсења. Десетици студенти беа уапсени на Јеил претходно истиот …

Повеќе »