Breaking News

ВЕСТИ

Прв состанок на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ – Северна Македонија во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски. На состанокот ќе учествуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, високиот претставник на ЕУ за надворешни …

Повеќе »

Собранието не прифати по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за амнестија на лицата осудени за настаните на 27 април 2017

Во Собранието попладнево на 106-тата седница не беше прифатено по скратена постапка да се донесе Предлог-закон за амнестија на лицата осудени за настаните во Собранието на 27 април 2017, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски. Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ во …

Повеќе »

Шукова: Пречистителната станица во Југохром мора да биде во функција, трошоците за нејзино функционирање ги покриваме од Буџетот

Пречистителната станица од тетовската фабрика Југохром мора да биде во функција, а трошоците за нејзино функционирање ќе се покријат од Буџетот. Ова денеска го најави министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова по средба со вработените на пречистителната станица за намалување на загадувањето со шествалентен хром во Југохром …

Повеќе »

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување од пленарна седница на законите за игрите на среќа и на лековите и медицинските средства

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе бара повлекување на два закони од денешната собраниска седница и тоа Законот за игрите на среќа, кој е предложен да се носи со европско знаменце, и Предлог законот за дополнување на Законот за лекови и за медицински средства. Пратеникот Миле Лефков денеска на прес-конференција истакна …

Повеќе »

Маричиќ: Ќе се формира експертска група за уставните измени, да го искористиме политичкиот моментум за евроинтеграциите

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на брифингот со новинарите во Брисел порача дека државава не треба да го пропушти политичкиот моментум што го има оваа година во пристапниот процес, најавувајќи во исто време дека ќе се формира експертска група којашто ќе ги формулира амандманите за уставните измени. Како што …

Повеќе »

Во Брисел продолжува објаснувачкиот скрининг за Кластерот 4, во подготовка извештаите на ЕК за кластерите 1 и 2

Во Брисел денеска продолжува објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4, со Поглавјето 21 за Трансевропска мрежа, заедно со Поглавјето 15 – Енергетика. Во исто време, како што брифираат извори од Европската комисија, во подготовка се извештаите за скрининг процесот за Кластерот 1 – Темели и Кластерот 2 – Внатрешен пазар. …

Повеќе »

Владина комисија треба да се изјасни за преименувањето на здружението „Ванчо Михајлов“

Денеска истекува рокот кога владината Комисија за употреба на имиња треба да донесе став и да го достави до Министерството за правда во врска со прашањето за преименување на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола, заради усогласување со измените на Законот за здруженија. Врз основа на ставот на Комисијата, министерот …

Повеќе »

Пред пратениците законски измени за поедноставна и побрза достава на лекови

Во Собранието денеска ќе се гласа за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, по скратена постапка, чиј предлагач е Владата. Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе имаат поедноставна и побрза достава на сите лекови, изјави деновиве проф. д-р Ана Данева Маркова, советник за здравство …

Повеќе »

Избор на уставен судија и Предлог законот за амнестија на осудените од 27 април пред пратениците

Предлогот за избор на судијата Елизабета Дуковска од Апелацискиот суд Скопје за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е на дневен ред на денешната 106. собраниска седница. Дуковска е предлог на Судскиот совет на Република Северна Македонија за нова уставна судијка. Таа е судијка од 2004 година, работела …

Повеќе »

Редовна седница на Советот за социјална сигурност за новата методологија за усогласување на пензиите

Во Владата денеска ќе се одржи вториот состанок на Советот на социјална сигурност, на кој ќе се усвојува и потврдува зголемувањето на пензиите. На состанокот со кој ќе претседава министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ќе учествува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Владата најавува учество на …

Повеќе »