Breaking News

ВЕСТИ

Делови од Сарај и Гази Баба без вода

Поради почеток на реконструкција на ПС Сарај, прва фаза, денеска од 9:30 до 18 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат жителите од населените места Сарај, Глумово, Долна Матка, Горна Матка, Љубин и Арнакија. Како што соопшти РЦУК – Скопје, во првата фаза од реконструкцијата ќе се изврши замена на затворачите …

Повеќе »

Дел од Карпош без струја

Без струја денеска од 11:30 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Струшка“ од бр. 1 до бр. 15 во општина Карпош.  Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. мд/аа/Фото: МИА архива  . Извор: МИА

Повеќе »

ЈПДП организира посета на трасата на автопатот во изградба Кичево – Охрид, присутни ќе бидат и Бочварски и Рустеми

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Министерството за транспорт и врски денеска организираат посета на трасата на автопатот во изградба Кичево – Охрид. Целта е, како што информира ЈПДП, јавноста детално да се запознае со тековните состојби на трасата во изградба. Покрај министерот за транспорт и врски Благој Бочварски …

Повеќе »

Собранието ќе ja одржи 140. седница

Собранието денеска ќе ја одржи новата 140- седница по изборот на техничката Влада. На дневен ред на оваа седница се 39 точки. На дневен ред на седницата е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри – Второ читање. Од Асоцијацијата …

Повеќе »

Бизнис форум: Економска интеграција на Западен Балкан со ЕУ, влијание на словенечките компании во Северна Македонија

Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија, заедно со Здружението на словенечки и македонски претприемачи, Стопанската комора на Северна Македонија, Институтот за стратешки решенија и Спирит Словенија денеска организира бизнис форум насловен „The water is rising: Running a Business while Managing Crises”. Една од темите на форумот ќе биде и …

Повеќе »

ЕУ ќе и донира седум амбулантни возила на скопската Итна помош

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, денеска на Службата за итна помош Скопје ќе и примопредаде седум возила за брза помош финансирани од ЕУ. Делегацијата на ЕУ, како што соопшти, обезбеди седум амбулантни возила финансирани од ЕУ за Итната помош во Скопје и Здравствениот дом Скопје. Возилата ќе …

Повеќе »

Владата ги потврди и прати до Собранието измените на Законот за рестриктивни мерки

– Владата ги потврди и прати до Собранието, измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои се прошируваат целите на законот, и се додава и „борба против корупцијата, злоупотребата на службената должност и хибридните закани врз државата“, се проширува основот со додавање на правните акти на САД и Обединетото Кралство …

Повеќе »

ДСЗИ: Поништени небезбедни шампони од Турција и Бугарија

На градска депонија во Крива Паланка, во присуство на државен санитарен и здравствен инспектор, на 26 јануари извршено е поништување на небезбедни козметички производи најдени во промет, информираат попладнево од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Како што појаснуваат од ДСЗИ, станува збор за шампони за коса со поминат рок …

Повеќе »

Средба Митрески – Вал: Собранието ќе работи со полн капацитет до одржување на изборите

Претседателот на Собранието Јован Митрески, денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Килиан Вал, на која се разговараше за досегашната соработка и за обврските на законодавната власт во периодот до одржување на годинешните избори. Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Митрески, тој …

Повеќе »

Предлог-законот за помилување и измените на Законот за народниот правобранител го поминаа комисискиот филтер

Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците на денешната, 69. седница донесе одлука Предлог на законот за помилување и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител да бидат дадени на понатамошно читање. За измените на Законот за извршување на санкциите кои беа, исто така, …

Повеќе »