Breaking News

ВЕСТИ

Грковска: Предизборниот и изборниот период е можност да ја покажеме зрелоста на нашата демократија и нејзините чинители

Правичното спроведување на изборите е основа и главен предуслов за вградување на сите останати принципи на доброто владеење, дефинирани од Советот на Европа. А за да осигураме фер и демократска атмосфера, императив е секој чинител во изборите да постапува одговорно и етички и да не го загрозува интегритетот на изборниот …

Повеќе »

Фронт 21/42 : Прекршено меѓународното право за Охридското Езеро

Спротивно на препораката на Бернската конвенција, на седница Владата го усвои текстот на Законот за прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, без претходно да се ревидираат зонирањето на езерото и дозволените активности во различните зони, реагираат од Фронт 21/42. Во декември 2023 година, во рамки на случајот за …

Повеќе »

Неврологот д-р Марија Бабуновска меѓу финалистите на 10-тите Меѓународни Медис награди за медицински истражувања

– Неврологот д-р Марија Бабуновска од Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, е меѓу 18-те финалисти  на 10-тите Меѓународни Медис награди за медицински истражувања. Меѓународната стручна комисија на конкурсот, ја заврши евалуацијата на 242 научно-истражувачки трудови, од кои 148 апликации ги исполнија строгите критериуми за номинација, меѓу кои е и …

Повеќе »

Левица поднесе кривична пријава против вицепремиерот Груби за противправно стекнување и прикривање имот

Политичката партија Левица денеска до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднела кривична пријава против потпретседателот на Владата на Република Македонија, Артан Груби од ДУИ, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Противправно стекнување и прикривање имот“ – казниво по чл. 359-а, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со …

Повеќе »

Џафери: Не чувствувам потреба да коментирам одлуки на политичките партии

– Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери не чувствува потреба да коментира одлуки на политичките партии кој ќе им биде кандидат на претстојните претседателски избори. – Не чувствувам јас потреба да коментирам одлуки на политичките партии така што непотребен би бил било каков коментар од моја страна, истакна Џафери во …

Повеќе »

Без вода дел од населбата Ѓорче Петров 2

Без вода денеска од 9:45 часот се дел од корисниците во местото „Дексион“ во населбата Ѓорче Петров 2. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-80 мм на ул. „Беаз Куле“ 3. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. дма/мд/Фото:МИА архива . …

Повеќе »

Арбен Таравари претседателски кандидат на албанската опозиција

– Претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари денеска објави дека ќе биде кандидат за претседател  на државата. Неговата кандидатура, како што рече, е предлог на Претседателството на АА, со поддршка од опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП). -Привилегија …

Повеќе »

Шукова: Саса е пример како треба да се инвестира во животната средина

– Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица, за кој во финална фаза е постапката за измена на А – Интегрираната еколошка дозвола, информираат од МЖСПП. – Саса е добар пример како треба да се инвестира во животната средина и …

Повеќе »

Промоција на поштенска марка по повод „60 години Уставен суд на Република Северна Македонија”

Уставниот суд денеска ќе промовира поштенска марка по повод „60 години Уставен суд на Република Северна Македонија”.  На промоцијата покрај претставниците на Уставниот суд, ќе присуствуваат директорот на АД Пошти и дизајнерот на поштенската марка. дма/црФото: МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Објавена книгата „Аферата „двојник“ – лажни пасоши“ од Михајло Маневски

„Матица македонска“ од Скопје ја објави книгата „Аферата „двојник“ – лажни пасоши“ од авторот Михајло Маневски.  Како што информира издавачот, Маневски над 300 страници прави правна анализа за издадените 218 пасоши со лажен идентитет. Во заклучоците и препораките тој констатира дека овој тежок и организиран криминал од светски размери во …

Повеќе »