ВЕСТИ

Филипче: Во Струмица очекуваме голема победа на Стево Пендаровски во првиот круг

СООПШТЕНИЕ: Кандидатот на СДСМ и носител во изборна единица 4, Д-р Венко Филипче, денес ја посети Струмица каде оствари низа средби со граѓаните. Филипче ги посети пазарите во градот и разговараше со струмичани за изборите и предизвиците со кои се соочуваат.   . Извор: МИА

Повеќе »

Осветен храмот „Св. 40 Маченици“ на Смилковското езеро 

Храмот „Св. 40 Маченици“ изграден на Смилковското езеро денеска беше осветен. Храмот е изграден во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стефковски кои беа убиени на 12. 04. 2012 година на ова место. Како што соопшти Општина Гази Баба, иницијатор за изградбата …

Повеќе »

Ковачевски – Шидер: СДСМ има јасен план за продолжување на европскиот пат, ЕУ е нашата единствена алтернатива која ќе донесе суштински промени

Претседателот на Социјалдемократскиот  сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска одржа средба со европратеникот и носител на листа на социјалдемократите во Австрија за изборите во ЕУ, Андреас Шидер, на која присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ и пратеничката од СДСМ, Санела Шкриељ. …

Повеќе »

Ковачевски: Немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски тврди дека немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени. Ваквите обвинувања што ги изнесе вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тој ги отфрли како инсинуации и како работи кажани на митинг кои немаат никаков допир со реалноста. -Ниту имало некаков состанок во вила …

Повеќе »

Интерактивно уметничко дело напојувано од обновлива енергија „Вртеж“ од Александар Ефтимовски во Градскиот парк во Скопје

Во Градскиот парк, до езерцето денеска од 10 до 18 часот ќе биде изложено интерактивно уметничко дело напојувано од обновлива енергија „Вртеж“ изработено од македонскиот уметник и скулптор Александар Ефтимовски. Уметничкото дело се состои од турбина на ветер изработена од рециклиран материјал што овозможува полнење на струја. За време на …

Повеќе »

Сончево и топло, до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. …

Повеќе »

Автентичниот вински бренд на „Тиквеш“ – „Луда Мара“ претставен во нов визуелен идентитет

Под слоганот „Гледај го светот во очи“, винарската визба „Тиквеш“ го претстави комплетниот редизајн на брендот „Луда Мара“. Именуван е според истоимената река што поминува низ Кавадарци, која со својата уникатна природа и бројните приказни и митови поврзани со неа, многу потсетува на автентичниот карактер на овие вина. Како што …

Повеќе »

Маричиќ: Граѓаните сега се повеќе поврзани со ЕУ и со регионот, паѓаат трошоците за телекомуникациските услуги

Намалувањето на цените на роаминг тарифите меѓу земјите од Западен Балкан и кон Европската Унија се најголема придобивка од Берлинскиот процес, како и бесплатната безжична интернет мрежа на јавни простори во регионот на Западен Балкан како иницијатива на Европската Комисија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан. Ова …

Повеќе »

Почна полнењето со вода на земјоделските површини и сеидбата на оризот во Кочанско

– Земјоделците од кочанското село Оризари годинава официјално први ја почнаа сеидбата на оризот, а вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани веќе ги полнат земјоделските површини со зафаќање на проточните води од Оризарска Река. Со планот за наводнување за оваа година предвидено е да бидат опфатени над 4. 200 …

Повеќе »

ЗНМ и ССНМ: ОЈО да ја отфрли неоснованата кривична пријава на МВР кон новинарот Салиу

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост за поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) кон новинарот Фуркан Салиу за наводно попречување во работата на службено лице и бараме од Основното јавно обвинителство веднаш да ја отфрли. …

Повеќе »