Во Скопје денеска ќе биде презентиран ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“, реализиран од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, а поддржан од Европската Унија. Како што информираат од Агенцијата за вработување, проектот се имплементира од септември 2019 година до март 2024 година. На презентацијата …
Повеќе »Дебата „Зошто да волонтирам“ во Europe House
– Јавната дебата „Зошто да волонтирам” ќе се одржи денеска од 11 до 13 часот во „Europe house“ во Скопје. Дебатата e дел од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија, а реализиран од Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС …
Повеќе »Во Собранието седница за пратенички прашања
Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница, на чиј дневен ред се пратеничките прашања. Според усогласеното, први прашања поставуваат пратениците од опозицијата. Вообичаено, седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот. фф/бак/Фото: МИА Архива . Извор: МИА
Повеќе »Премиерот очекува поддршка во Собранието за законите за коридорите, опозицијата останува на ставот да не гласа
Собраниската расправа за пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д кои треба да ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ е завршена. Останува само да се гласа по нив. За денеска во Собранието најавена е само седница за пратенички прашања и засега нема информации кога би се одржала …
Повеќе »„ЕУ со ТЕБЕ“ во Крушево
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општина Крушево. Ова е седма од серијата општински посети по отворањето на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ во јули 2022 година. Целта на овие посети, како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, е да се презентираат новите чекори во …
Повеќе »Средба на директорката на AХК Северна Македонија, Антје Ванделт со новинарите
Директорката на AХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, Антје Ванделт денеска ќе има средба со новинарите на која се очекува да се разговара за германско-македонските стопански односи. Ванделт пристигна во Скопје минатиот понеделник. Има повеќе од 20 години работно искуство како директор на германските …
Повеќе »Брифинг по повод одржувањето на шестото издание на Македонскиот Енергетски Форум
Во Скопје денеска ќе се одржи брифинг за одржувањето на шестото издание на Македонскиот eнергетски форум – МЕФ. Како што соопштуваат организаторите на МЕФ, на брифингот ќе информираат за целите, програмата и темите на дискусија на Македонскиот eнергетски форум. Годинава, МЕФ под мотото „Подобрување на триаголникот ‘Политики-Финансиска-Енергетска технологија’ за енергетска …
Повеќе »Началникот на штабот на ВК на сојузничките сили на НАТО за Европа во посета на Северна Македонија
Началникот на штабот на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО за операции, адмирал Јоаким Риле, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Армијата на Република Северна Македонија. Адмиралот Риле денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе оствари средби со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник …
Повеќе »Претпладне сончево, попладне дожд и ветер
Во земјава ќе преовладува претпладне сончево време со мала до умерена облачност, a од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од осум до …
Повеќе »Седница на Работната група за уставни измени
Работната група формирана при Министерството за правда со задача за подготвување на Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска ќе одржи седница. Како што информира Министерството за правда при формирањето на групата, откако ќе бидат подготвени измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамки на Собранието, …
Повеќе »