Breaking News

ВЕСТИ

Историската одлука на Вол Стрит доведе до пораст на цената: Првпат одобрени фондови кои инвестираат во биткоин

Американската Комисија за хартии од вредност по првпат одобри фондови со кои се тргува на берза, а кои директно инвестираат во биткоин. Овој потег, кој беше најавен како значаен настан за секторот на дигитални средства, ќе го прошири пристапот до најголемата криптовалута на Вол Стрит и пошироко. Тоа доведе до …

Повеќе »

ЦУК: Повозрасно неподвижно лице најверојатно настрадало во пожар во Аеродром

Центарот за управување со криза (ЦУК) соопшти дека утрово во 06:33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на …

Повеќе »

Девизните резерви во декември зголемени за 574,8 милиони евра

Девизните резерви на крајот на декември 2023 годинава 4. 538,4 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 574,8 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (52%), по што следуваат валутите и депозитите (38,8%) и монетарното злато (9,1%). …

Повеќе »

Недела од упадот во М-НАВ, смена на раководните функции, ревизија на работењето и истрага против осум лица

– Упадот во објектот на Контролата на летање на аеродромот во Скопје и една недела од инцидентот се уште ја бранува јавноста. Владата даде насоки за смена на раководните функции и спроведување на вонреден инспекциски надзор и ревизија на досегашното работење, а за инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Јавното …

Повеќе »

Собранието ќе го одржи продолжението на 135-та седница

Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 135-та седница. На дневен ред на оваа седница се Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, по скратена постапка, Предлог на Законот за изменување и дополнување на …

Повеќе »

Продолжува амандманската расправа за измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри

– Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да продолжи со амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, поднесен од Владата. За измените и дoполнувањата на Законот вкупно се поднесени 19 амандмани од кои 10 од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ …

Повеќе »

Петровска ќе потпише договори за стипендирање со студенти од критични специјалности

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и студентите кои беа примени на Конкурсот за стипендирање за потребите на Армијата денека ќе ги потпишат договорите за стипендирање. Студентите кои Министерството за одбрана ќе ги стипендира студираат во областите кои се дефинирани како критични специјалности во Армијата. мд/аа/Фото: Министерство за одбрана  . Извор: …

Повеќе »

Во Собранието седници на две комисии

Во Собранието денеска седница ќе одржат  Законодавно правната комисија и Комисијата за здравство. На дневен ред на 25. седница на Комисијата за здравство е Јавната расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Членовите на …

Повеќе »

ДКСК ќе ја одржи 98. седница

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 98-та седница. На дневен ред е постапување по конкретни предмети. Седницата ќе може да се следи преку ZOOM комуникациската платформа. мч/aa/фото: МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Променливо облачно, температурата до 8 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -10 до -3, а максималната од 1 до 8 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до …

Повеќе »