Скопје, 8 декември 2022 (МИА) – Македонската православна црква – Охридска Архиепископија денеска го чествува денот на својот патрон, првиот словенски епископ, Свети Климент Охридски – Чудотворец. Се претпоставува дека се родил во периодот од 830 до 840 година, а поради блискоста со Свети Методиј, најверодостојна и најподдржана е тезата …
Повеќе »Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници
Протестите на приватните автобуски превозници со блокади ќе продолжат се додека нема напредок во состојбата, изјави за МИА Кемал Муриќ од „Слобода превоз”. Тој додаде дека се останува исто, односно се додека нема некакво придвижување во состојбата ќе има блокади на неколку сообраќајни точки во главниот град. Директорот на „Макекспрес …
Повеќе »Османи и Милков ќе работат против говорот на омраза, македонските и бугарските бизнисмени порачаа бизнисот да влече напред
Шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков рекоа дека ќе работат против говорот на омраза во двете земји, додека македонските и бугарските бизнисмени до политичките елити порачаа бизнисот влече напред во односите меѓу двете земји. Ова се пораките од вчерашниот македонско-бугарски форум што …
Повеќе »Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски
Во земјава денеска со низа настани се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Пред споменикот на Св. Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, собраниска и владина делегација ќе положи цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“. Во состав на владината …
Повеќе »Маричиќ: Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите и да останеме на европскиот пат
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, оствари средба со сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролин Едштадлер, во рамки на работната посета во Австрија. Како што информираат од СЕП, на средбата од …
Повеќе »Потребни се соодветни измени на Законот за домување за негова полесна примена
Потребата од унапредување на Законот за домување се наметнува од повеќегодишното искуство за пречките во неговата имплементација на терен што зависи од повеќе услови. Правото на домување е дел од соодветен животен стандард и е застапен во Универзалната декларација за човекови права, а ние како Министерство имаме задача да поставиме …
Повеќе »Апанажата на разрешените функционери пред укинување – Уставен поведе постапка
За Уставниот суд е спорнa aпaнажата на функционерите и пратениците кога самите даваат оставки или кога се разрешени, па денеска поведе постапка за членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица кој им го овозможува ова право. Тоа, велат од Уставниот суд, значи дека Судот …
Повеќе »Уставниот суд ја одржа 39. седница
Уставниот суд денеска ја одржа 39. седница со дневен ред на кој беа закажани четири иницијативи за оценување на уставност и законитост и две барања за слободи и права и одлучи: 1.Реферат У.бр.302/2020 Да не поведе постапка за член 30 став 2 точка 9 од Законот за енергетика („Службен весник …
Повеќе »Зошто Ленин се повлекува од протестот на приватните превозници ?!
Директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски денеска изјави дека целосно се повлекува предводувањето на протестот на приватните превозници во град Скопје, за да не се злоупотребува неговото име. Тој најави дека блокадите остануваат и понатаму. Моето име често се споменува и во политички контекст, разни интересни групи се концентрираат на …
Повеќе »Ковачевски-Едштадлер: Северна Македонија доверлив партнер и идна членка на ЕУ
Северна Македонија и Западен Балкан се високо на агендата на Европската Унија и нејзините земји членки, а Австрија останува верен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од регионот, беше посочено на денешната средба во Виена меѓу премиерот Димитар Ковачевски и сојузната министерка за ЕУ и Устав на …
Повеќе »