Breaking News

ВЕСТИ

Комисијата за заштита од дискриминација со превентивни активостите за време на изборите

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска ќе информира за превентивните активности кои ќе ги преземе за време на изборите, во насока на спречување на вознемирувачки говор и пристапност до избирачки места. На прес-конференција  Комисијата, како што најавува, ќе ги потсети надлежните на препораките од мислењата донесени од …

Повеќе »

Дебата „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира дебата на тема „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“. Според организаторите, во регионални, но и европски рамки, интересот на науката и истражувачите за и околу Република Северна Македонија е фокусиран, пред се, на мултиетничките карактеристики на …

Повеќе »

Промоција на Оперативен план за активни програми и услуги на пазарот на трудот 2024 година

Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, Ведат Османи, директор на Агенција за вработување и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Скопје денеска ќе се обратат на официјалната промоција на Оперативниот план за активни програми и услуги на пазарот на трудот 2024 година. Како што соопштија од …

Повеќе »

Промениво облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне …

Повеќе »

Џафери-Прескер: Словенија дава безрезервна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија

Техничкиот премиер Талат Џафери, денеска се сретнал со амбасадорот на Република Словенија во државата, Грегор Прескер, соопшти владината прес-служба. Во фокусот на разговорот биле севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Словенија и можностите за нивно унапредување, со акцент на економската соработка. На средбата се разговарало и за европската перспектива …

Повеќе »

Пендаровски: Не смееме да дозволиме фалсификување на вистината за холокаустот на македонските Евреи

Ние не смееме да дозволиме фалсификување на вистината за холокаустот на македонските Евреи бидејќи компромисот со вистината отвора можност за повторување на злосторствата. Антисемитизмот, не е, и никогаш не бил македонски феномен, но, оваа вистина мора да ја чуваме и да ги едуцираме нашите ученици и студенти, нашите млади за …

Повеќе »

Тренчевска: Наша цел е сите лица во транзит да имаат побезбедна и посигурна средина

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше дел од координативниот состанок за работата на привремениот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Состанокот беше во организација на дополнителниот заменик министер во министерството за внатрешни работи, Митко Бојмацлиев. . Извор: МИА

Повеќе »

Државата во судски постапки за неисплатени прекувремени работни саати на припадници на Армијата исплатила седум милиони евра

– Во судски постапки за неисплатени прекувремени работни саати на припадници на Армијата, Министерството за финансии исплатило седум милиони евра, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг со новинарите. Петровска во одговор за МИА вели со Законот за служба во Армијата точно се дефинирани додатоците што припадниците на …

Повеќе »

Традиционална крводарителска акција на припадниците на САЕ ,,Тигар“ во чест на Денот на единицата

Традиционална крводарителска акција на припадниците на специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска се одвива во касарната „Илинден“, а по повод 13 март – Денот на единицата. Во акцијата, организирана во соработка со Црвениот крст и со Институтот за трансфузиона медицина, се очекува да бидат дарувани повеќе од 50 крвни единици. – …

Повеќе »

Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат и да гласаат, вели изборите не се избор меѓу Европа и излоација

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика сите граѓани масовно да излезат на следните избори и да одлучат во каква држава сакаат да живеат, нагласувајќи дека дека ова не се избори помеѓу Европа и изолација, како што вели власта, туку дека двојните избори годинава се одлука на граѓаните во Македонија …

Повеќе »