Breaking News

ВЕСТИ

Панел-дискусија во Скопје: Верификација на изворите за борбата против дезинформации

Панел-дискусија „Верификацијата на изворите и информациите во борбата против дезинформациите и медиумските манипулации“ ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проектот „Проверка на факти пред објавување во борбата против дезинформациите“, поддржан од Амбасадата на САД. На панел-дискусијата, како што соопштуваат од Центарот за развој на медиуми, ќе биде претставен …

Повеќе »

Конференција на тема „Рамноправноста низ призма на статистиката“

Во организација на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) Гостивар и ХОПС – Опција за здрав живот Скопје, денеска во Скопје ќе се одржи конференција на тема „Рамноправноста низ призма на статистиката“. Конференцијата е поддржана од Европската Унија во рамки на програмата за грантови „Поддршка на граѓанското општество“, Европскиот инструмент за …

Повеќе »

Сончево со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена …

Повеќе »

Три јавни објекти во Кочани ќе добијат фотоволтаични системи за снабдување со струја

– Станицата за пречистување на водата за пиење, средното училиште „Гошо Викентиев“ и основното училиште „Никола Карев“ од Кочани ќе добијат фотоволтаични системи за снабдување со електрична енергија со вкупна моќност од 277,5 киловатчасови. Инвестицијата е дел од проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источен плански регион“, …

Повеќе »

Втор отворен повик за предлози за фондот за интегрирано образование

Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавија втор повик за предлози во рамки на проектот на Мисијата „Градење нови мостови“, кој е дизајниран да ги подобри односите меѓу младите со различно потекло и јазици во текот на училишниот ден и преку заеднички наставни активности. – …

Повеќе »

Меѓууниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на дипломатската школа во Мадрид за 2024-2025 година

  Амбасадата на Кралството  Шпанија во Скопје известува за огласот на шпанското Министерство за надворешни работи за прием на меѓууниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на дипломатската школа за 2024-2025 година, насочени кон дипломатски службеници и кон кандидати не-дипломати. -Магистерските студии се консолидирани и познати како светска референца …

Повеќе »

Шкриељ: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче

СООПШТЕНИЕ: Во Програмата за европска иднина за новиот мандат предвидуваме серија мерки во образованието, мерки  за младите, за учениците, за унапредување на ученичкиот стандард. . Извор: МИА

Повеќе »

Втор протест на ФИНКИ за простор, остануваат на барањето да се вселат во просториите на БРО

– „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“ извикуваа студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство пред Владата каде што стигнаа со протестен маратон што почна во Градскиот парк.  По првиот на 21 март, тоа беше нивни втор протест за да го актуализираат просторниот проблем на нивниот факултет, со …

Повеќе »

„Светот не би имал живот без боите“ – активност на тетовските училишта по повод Меѓународниот ден на аутизмот

Општина Тетово во соработка со сите општински училишта денеска на градскиот плоштад организираше активност по повод Меѓународниот ден на аутизмот, под мотото „Светот не би имал живот без боите“. Учениците изработуваа цртежи и други ликовни творби со цел да се подигне свеста за аутизмот. – Сакаме да потенцираме дека овој …

Повеќе »

Меѓународен ден за проверка на факти, изборите кај нас и во Европа причина повеќе за ширење на дезинформации

Антидезинформациската мрежа на Балканот денеска во Скопје одржува конференција насловена како „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ера“, со која го одбележува 2 Април – Меѓународен ден за проверка на факти.  Евроамбасадорот Дејвид Гир на отворањето на конференцијата истакна дека поради изборите веќе гледа …

Повеќе »