ВЕСТИ

Трипуновски: СДС за 7 години не успеа да ја изгради втората фаза од хидросистемот Злетовица за наводнување на 3500 ха иако им оставивме готов проект

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипиновски денес е во работна посета на Пробиштип каде што го посети хидросистемот Злетовица и оствари средба со повеќе земјоделци и сточари од овој регион. ВМРО-ДПМНЕ во минатото ја изгради првата фаза на овој хидросистем којшто практично значи вода за пиење …

Повеќе »

Свечена заклетва на 30 слушатели на курсот за офицери на Армијата, Петровска им порача дека стануваат дел од семејството кое се грижи за безбедноста н…

Триесет млади граѓани, идни офицери на Армијата на Република Северна Македонија денеска на Воената академија во Скопје дадоа свечена заклетва, по што ќе започнат со нивното школување на Воената академија, соопштија од Министерството за одбрана. Министерката за одбрана Славјанка Петровска во обраќањето по овој повод, на слушателите на Курсот за …

Повеќе »

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, заменик- претседателката на СДСМ Сања Лукаревска и организацискиот секретар на СДСМ Митко Трајчулески денеска во Собранието остварија средба со делегацијата на ад-хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија. На средбата, како што информира …

Повеќе »

Бојмацалиев: Членството во НАТО не стави под заштита на една од најмоќните безбедносни алијанси во светот

Членството во НАТО не беше само формално пристапување кон една организација – тоа претставуваше квантен скок напред кон безбедност, стабилност и просперитет за нашата земја и нашиот народ, оценува дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. Во објава на „Фејсбук“, Бојмацалиев посочува дека влезот во НАТО нè става под заштита …

Повеќе »

Георгиева: МЗ ќе испрати информација до Владата и до ФЗО од од наредниот месец да биде коригирана платата на приватните специјализанти

Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти, информираше дека на денешната средба во Министерството за здравство им било кажано дека МЗ ќе испрати информација до Владата и до ФЗО, да постапуваат согласно веќе донесените одлуки и веќе од наредниот месец да биде коригирана платата на приватните специјализанти. – …

Повеќе »

Мицкоски за партиите кои ја напуштаат власта: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Имаме принципиелен заеднички договор за настап на парламентарните избори и очекуваме понатаму, врз основа на тој договор, да функционираме како идна влада, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи го преминувањето на некои од досегашните владини коалициски партнери во опозицијата. Тој напомена дека не може во нивно име да …

Повеќе »

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Лекарите специјализанти кои денеска протестираат пред Министерството за здравство побараа итна средба со министерот за здравство со цел решавање на нивните барања. Во моментот, во тек е состанок со претставници на Министерството. Специјализантите бараат регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти.  – Доколку …

Повеќе »

Доделени наградите за најдобри дела на тема трансплантација и органодарување

СООПШТЕНИЕ: Професионалните дизајнери, Ана Тасева, Гоце Велески и Воскресија Андреевска, и средношколците Амра Седиковиќ, Давид Манасијевиќ и Адријана Мирчевка, се шесте автори, креативци кои ги понесоа наградите за најдобри решенија на Повиците за визуелни дела за дизјанери и за средношколци – на тема: трансплантација и органодонорство. . Извор: МИА

Повеќе »

ДИК спроведе ждрепка за распределба на локации на рекламни паноа и билброди за изборите

– Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги прифати барањата за акредитацијата на набљудувачи на претстојните претседателски и парламентарни избори во државава поднесени од Меѓународната организација за изборни системи ИФЕС и Набљудувачката мисија на ОБСЕ. Членовите на ДИК на седницата констатираа дека за барањата од ИФЕС и ОБСЕ се исполнети условите …

Повеќе »

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции

Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции. Украина е само прва станица, а една од следните ќе биде Западен Балкан, подвлече денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој го водеше традиционалниот НАТО настан, со што започнаа Деновите на НАТО во земјава, со кои се …

Повеќе »