Breaking News

ВЕСТИ

Собранието треба да ја продолжи 117. пленарна седница

Во Собранието денеска треба да продолжи 117. пленарна седница.  Пратениците ќе треба да се изјаснат за Предлог одлуката за објавување на јавен конкурс за избор на претседател и членови на Комисијата за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор, како и за Предлог-одлуката за објавување оглас за именување …

Повеќе »

Ковачевски и Николовски во посета на Свети Николе

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски денеска ќе бидат во посета на Свети Николе.  Тие ќе присуствуваат на настан по повод доделувањето на решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори. бак/вг/Фото: МИА архива  . …

Повеќе »

Народниот правобранител ќе го презентира извештајот за состојбите во затворите и психијатриските болници

Народниот правобранител Насер Зибери денеска ќе го презентира извештајот за состојбите во затворите и психијатриските болници во 2022 година.  Станува збор за извештај насловен Национален превентивен механизам (НПМ) за 2022 година. Презентацијата ќе се одржи во просториите на Народниот правобранител. ир/бак/ Фото: МИА архива  . Извор: МИА

Повеќе »

Струшкиот градоначалник и купувањето на „Соравија“ во фокусот на политичките случувања викендот

Ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа на САД и купувањето на трговскиот центар „Соравија“ од страна на внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети викендот беа во фокусот на политичките случувања во земјава. Премиерот Димитар Ковачевски вчера не кажа дали разговарал со Ахмети за овие два случаи …

Повеќе »

На „Богородица“ се чека околу половина час, на „Дојран“ 20 минути

– На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин „Дојран“ околу 20 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. ир/ев Фото: МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

УХМР: Можни се поројни дождови и брзо зголемување на водостоите на реките, како и свлечишта

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека во текот на денешниот ден, на повеќе места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд кои можат локално да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава, а можно е да има и локални проблеми во дел од градските …

Повеќе »

Поплавени куќи по синоќешниот дожд во Куманово

Регионалниот ЦУК Куманово известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Куманово, во вечерните часови, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи.  Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во село Черкезе. ЈП „Водовод“, …

Повеќе »

Реакција на Единствена Македонија за изрекување на тригодишна забрана за влез во Грција на Емилија Гелева

Единствена Македонија реагира на вчерашната мерка на Грција за одбивање влез на граница и изрекување тригодишна забрана за влез и за Емилија Гелева претседателката на Унијата на жени на Единствена Македонија и членка на Извршниот комитет на партијата. . Извор: МИА

Повеќе »

Костадиновска-Стојчевска: Отворен Балкан се обедини и одекна силно преку културата и концертот со маестро Мехта

Со синоќешниот концерт на Белградската филхармонија под диригентската палка на познатиот Зубин Мехта, заврши концертната турнеја, по повод 100-годишнината од нејзиното формирање. Во серијата, дел од иницијативата Отворен Балкан, оваа Филхармонија настапи во Белград, Тирана и Скопје, поттикнувајќи посилни културни врски меѓу трите нации. Оценувајќи ја како успешна, Министерството за …

Повеќе »