Breaking News

ВЕСТИ

Најмногу дожд во Охрид 24 литри на квадрат

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Охрид 24 литри на метар квадратен, во Крива Паланка 17, во Берово и Круешево по 13 и во Тетово 10 литри, соопшти УХМР. Времето изутринава е променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Во котлините особено на северот има ниска облачност. Претпладне …

Повеќе »

Во Струмица почнува вториот меѓународен фестивал за љубителите на велосипедизмо

Во Струмица вечер почнува вториот меѓународен фестивал за љубителите на велосипидизмот-„Вело Струмица“, кој ќе трае до задутре, соопштија од Општината. Манифестацијата почнува со вело тура по новоизградените велосипедски патеки, по што следува официјалното пуштање во употреба на велосипедско-рекреативното игралиште “Pump Track“. Овој проект е финансиран од Европската Унија и директно …

Повеќе »

Од денеска основните производи со „одмрзнати“ цени, поскапувања не се очекуваат

Од денеска престанува да важи владината одлука со која беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Се „одмрзнуваат“ и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки. Надлежните уверуваат дека поскапувања на овие …

Повеќе »

Во Собранието седници на неколку комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за прашања на изборите и именувањата, за еднакви можности на жените и мажите, за политички систем и односи меѓу заедниците, за надзор на спроведување на мерките за следење на комуникациите, а работна средба ќе одржи и Комитетот за односи меѓу …

Повеќе »

Премиерот Ковачевски на состанок на Европската политичка заедница во Кишињев

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска ќе учествува на вториот состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија. На самитот на Европската политичка заедница ќе учествуваат 47 лидери, меѓу кои лидерите на 27 земји членки …

Повеќе »

Закажани продолженија на три пленарни седници

Собранието денеска треба да одржи продолженија на три пленарни седници и тоа на 95-та, на 111-та и на 115-та. Од дневниот ред на 95-та седница неразгледани се останати повеќе точки. Меѓу нив се ратификациите на договорот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија за учеството на Република Северна Македонија во …

Повеќе »

Црвен крст на град Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на згрижувачи

Црвен крст на град Скопје денеска во Зоолошката градина во Скопје организира настан за одбележување на Светскиот ден на згрижувачи – 1 Јуни, со цел да се подигне  јавната свест за формата згрижување како позитивен пример во општеството. Црвен крст на град Скопје соопшти дека во соработка со Центарот за …

Повеќе »

Почнуваат работите за изградба на Коридорот 8

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска, на патарината Тетово – Гостивар, ќе присуствува на почетокот на работите за изградба на Коридорот 8. Груби ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за …

Повеќе »

Економски форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста”

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се обрати на панел дискусијата „Политики за рационализација на парафискалните давачки и реформи за повисока конкурентност” во рамки на Економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста”, во организација на Фајнанс тинк.  Како што најавија организаторите, воведно обраќање на панел дискусијата ќе …

Повеќе »

СОС Детско село ќе одржи информативна сесија во Свети Николе

Центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село во соработка со Министерство за труд и социјална политика и Општина Свети Николе денеска ќе одржи  информативна сесија за потенцијални згрижувачи во Свети Николе, по повод “Денот на згрижувачите“. Настанот ќе се одржи во салата во зградата на општината во Свети …

Повеќе »