Breaking News

ВЕСТИ

Во Скопје санкционирани 136 возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. Како што соопшти МВР, на територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 12 санкции за управување возило под дејство на алкохол, …

Повеќе »

„Ова е Македонија за сите“ во посета на Вевчани, Карбинци и Босилово

Денес продолжуваме со средбите со жителите на општина Вевчани, а после тоа ќе ги посетиме населените места Ташмаруништа и Луково. Општина Вевчани е најмалата општина во Република Македонија, но е вистински природен бисер во овој дел од државата кој што изобилува со многу природни убавини, истакна пратеникот Мирче Аџиоски при …

Повеќе »

Рамо до рамо со граѓаните на Охрид и Петровец: Коридорите 8 и 10 Д носат раст на БДП од два отсто годишно

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи вчера беше меѓу граѓаните на Охрид со кои разговараше за мерките и политиките што СДСМ ги презема изминатиот период. . Извор: МИА

Повеќе »

Бектеши и Деспотовски во посета на Брисел каде ќе биде потпишан договор за нова инвестиција

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски од денеска до вторник престојуваат во Брисел каде ќе биде потпишан договор за нова инвестиција. Посетата на Бектеши и Деспотовски е во рамки на официјалната посета на претседателот на државата Стево Пендаровски на Белгија. …

Повеќе »

Изложба на воздухоплови, возила и опрема кои се дел од вежбата „Брз одговор 23“ на спортскиот аеродром „Аџитепе“  во Куманово

На спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово, денеска од 11:00 до 14:00 часот, ќе се одржи изложба и презентација на средства и опрема на армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Брз одговор 23“ („Immediate Response 23“). Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од воздухопловите, воените возила …

Повеќе »

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Поради спроведување на оперативно-тактичка вежба од страна на Министерството за внатрешни работи, а во координација со Амбасадата на САД, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Притоа, како што соопштија од МВР, за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Самоилова“, …

Повеќе »

Нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната …

Повеќе »

Во автобусот што се запали на патот Охрид-Кичево немало патници

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЦУК Охрид, вечерва информираше дека во автобусот што се запали на патот Охрид-Кичево кај Извор немало патници.  – Регионалниот ЦУК Охрид известува дека АМСМ информирал дека од 21:25 часот на патот Охрид-Кичево кај Извор, сообраќајот се одвива по една …

Повеќе »

ВМРО-ДПМНЕ на теренски активности „Ова е Македонија за сите“ меѓу граѓаните во Чашка, Ростуше и неколку места во Овчеполието

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, пратениците Никола Мицевски и Игор Здравковски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ денеска посетија неколку населени места низ државава. -Денес нашиот тим е во посета на населените места Жировница, Ростуше и Требиште. Од разговорите со граѓаните може да се заклучи дека …

Повеќе »