Breaking News

ВЕСТИ

Ковачевски: Опозицијата да ги достави своите предлози до Комисијата за уставни прашања и таму ќе се разговара

Опозицијата слободно може да ги достави своите предлози до Комисијата за уставни прашања која ќе биде формирана во Министерството за правда и таму ќе се разговара, изјави денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето во врска со предлогот на универзитетскиот професор по уставно право Александар Спасеновски за менување …

Повеќе »

Охрид домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ

Министерството за внатрешни работи годинава ја има честа од 8 до 10 мај, во Охрид, да биде домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ – најголемата полициска организација по бројот на членство, во која членуваат 195 земји од светот, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот …

Повеќе »

Демократски сојуз: Почнува расправата за формирање независна агенција за борба против висока корупција и организиран криминал

По долги години отпор од партиите, денеска Парламентот треба да ја почне расправата по Предлог законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, поднесен од пратеникот Павле Трајанов. Со усвојувањето на овој закон се создаваат услови за искоренување на криминалот од функционери и други лица инволвирани …

Повеќе »

Спречен нелегален влез на мигранти на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа соопшти дека нејзини мобилни тимови спречиле нелегален влез на пет мигранти од Конго и Авганистан во државава. Тие биле откриени во камион со српски регистарски таблички на граничниот премин „Богородица“. -На 14 април 2023 година, на граничната царинска испостава „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило со српски …

Повеќе »

Амандманите за измени на Законот за минерални суровини за коридорите 8 и 10д пред Комисијата економски прашања

Собраниската Комисија за економски прашања денеска треба да одржи продолжение на 21 седница на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, поврзан со експлоатација на суровини долж коридорите 8 и 10д. Седницата започна пред велигденските празници, но …

Повеќе »

Работен состанок на вицепремиерката Грковска со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Гир

Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи работен состанок во рамки на континуираното мониторирање на прогресот постигнат од страна на институциите вклучени во борбата против корупцијата, односно исполнувањето на препораките наведени во Извештајот од Европската комисија за 2022 година и Националната стратегија за спречување на корупцијата и …

Повеќе »

Владата го назначи Агрон Речи за нов Државен правобранител

Владата на денешната 147. седница донесе одлука да го именува Агрон Речи за Државен правобранител на Република Северна Македонија, според процедурите, на предлог на министерот за правда, а по спроведен Оглас. Како што информираат од владината прес-служба, новоименуваниот Државен правобранител Речи е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното …

Повеќе »

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за дуално образование

Владата на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за дуално образование, предложена од Министерството за образование и наука. Согласно заклучоците, се очекува Економско – социјалниот совет, да даде конкретни предлози за стимулирање на компаниите, вклучени во процесот на дуалното образование. Во учебната 2022/2023 година, соопштија од владината прес-служба, …

Повеќе »

Претседателот на ФФМ оствари средба со битолскиот градоначалник

Повеќе важни прашања поврзани со инфраструктурните услови за напредокот на фудбалот во Битола беа разгледани на денешната средба на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, со битолскиот градоначалник Тони Коњановски. На средбата, како што соопшти попладнево ФФМ, главен акцент беше ставен на поставувањето рефлекторско осветлување на стадионот …

Повеќе »

Владата ја усвои Информацијата за Процесите за дигитализација

На днешната 147. седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Процесите за дигитализација, предложена од Министерството за информатичко општество и администрација. Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, се задолжуваат органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа да бидат вклучени во имплементацијата на Процесите за …

Повеќе »