Caterpillar откажа голем дел од зделките во Кина поради измама


„Caterpillar Inc“ откри намерно погрешно водење на сметководството во филијала на кинеската компанија, стекната од неа во текот на летото. Сега ја принудува да го отпише поголемиот дел од вредноста на трансакцијата и да ги избрише над половина од очекуваните добивка за четвртиот квартал од 2012 година, објави Ројтерс.

Најголемиот производител на трактори и багери во светот објави дека ќе преземе нефинансови трошоци на трговската репутација во вредност од 580 милиони долари, или 87 центи по акција, за четвртиот квартал. Аналитичарите, анкетирани од Ројтерс, очекуваа на 28 јануари таа да објави добивка од 1,70 долари по акција.

При објавувањето на информациите акциите на компанијата изгубија 1,5% од својата вредност во трговијата по затворањето на берзите.

Измамата е откриена, откако се појавиле проблеми со залихите на кинеската компанија. Во ноември бил утврдено конфликт помеѓу резервите во евиденцијата и физичката достапност, што довело до истрага.

Caterpillar го заврши купувањето на ERA Mining Machinery Ltd и Siwei во јуни, откако плати 5,06 милијарди хонконгски долари (653,4 милиони американски долари). ERA Mining Machinery Ltd. се тргува на берзата во Хонг Конг.

Портпаролот на компанијата одбил да ја коментира за Ројтерс, а од агенцијата не успеале да се поврзат директно со него. Претставници на Siwei исто така не биле отворени за коментари.

Во својата порака Caterpillar објави дека неколку високи менаџери во Siwei се вовлечени во намерно лошо раководење, кое започнало неколку години пред купувањето на компанијата од Caterpillar”.

Американската компанија веќе располага со 23 производствени единици во Кина, а уште 4 се во процес на изградба.


Видете следно

Од денес нови цени на горивата по бензиските пумпи

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во …