Чернобил ќе стане туристичка атракција: Потпишан декрет за создавање пешачки улици


Новиот украински претседател сака да ја претвори областа околу Чернобил во туристичка атракција. Володимир Зеленски потпиша декрет за создавање пешачки улици и подобрување на мобилната телефонија во оваа област.

Чернобил е едно од најсмртоносните места во светот – областа на најлошата несреќа во нуклеарната централа во април 1986 година. Во првите минути 31 лице загинаа, а радиоактивното загадување е проширено на 50.000 квадратни километри.

Володимир Зеленски, претседател на Украина изјави: „Досега Чернобил беше негативен елемент во сликата на Украина. Време е да го смените тоа. Треба да го претвориме проблемот во предност. Ова е единствено место каде што природата се опоравува по предизвиканите вештачки катастрофа“, истакна новиот украински лидер. Тој вети дека ќе ја отвори областа за научници и туристи.

Областа досега беше достапна за дневни патувања за околу 100 долари, со англиски говорник, а туристички агенции забележаа бум на интересот кон местото. Бројот на резервации за јуни, јули и август се зголеми за 40%. Во Припјат туристите ќе можат да видат и дел од забавен парк, кој никогаш не ги отворил вратите.


Видете следно

Арсовска: Потребна институционална поддршка за позиционирање на македонските брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a …