Чешка ќе го воведе еврото најрано во 2020


Најрано во 2020 Чешка ќе го воведе еврото, порача премиерот на државата Јиржи Руснок во интервју за ” The Wall Street Journal “.

Според него време е повторно да се започне со дискусија на темата, откако последните анкети предвидуваат висока стапка на јавно несогласување со намалувањето на круните.

“Исклучително важно е да започне промена во перспективата на целокупната јавност – таков чекор нема да им наштети или да го загрози суверенитетот на нашата земја “, коментира премиерот.

Се очекува Руснок да ги продолжи активностите во оваа насока и по истекот на неговиот мандат како службен премиер на крајот на месецот.


Видете следно

МФ: Според ОЕЦД, Република Северна Македонија со најдобра бизнис клима во регионот

Република Северна Македонија има најповолна бизнис клима во регионот, а исто така во однос на …