Честитка од министерот Шаќири по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј, упати честитка до сите граѓани на Република Северна Македонија кои го почитуваат и празнуваат нивниот лик и дело.


-Светите браќа имале непроценливо влијание врз описменувањето на словенските народи и со тоа придонеле за нивно културно и духовно просветлување и развој.


Нивната мисија трае и ден денеска, и ќе продолжи да трае, затоа што на истата се обврзуваат нови поколенија кои ги промовираат и шират вистинските вредности на едукацијата, културата и традицијата, како основи за мирен и поквалитетен живот.

Слава им на големите мислители и дејци, Светите Кирил и Методиј!, стои во честитката од министерот за образование и наука Шаќири. вг/цр/ .


Извор: МИА