Честитка за Денот на независноста на Малта од почесниот конзул проф. д-р Кочо Анѓушев


Почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на независноста на Малта, со желби за социјална и економска благосостојба на народот на Малта, како и продолжување на демократскиот придонес на државата во рамките на Европската Унија.

Почесниот конзулат на Малта, отворен во Скопје во 2021г, е показател за посветеноста на двете земји за проширување на соработката, поврзување на македонските и малтешките компании и пазари, и обезбедување поддршка и сервис за граѓаните.


Малта е една од најпросперитетните економии во Европа и е членка на Европската унија од 2004г.
Годинава Малта одбележува 58 години независност, стекната од Обединетото Кралство во 1964 година.


Видете следно

Шест пакистански војници загинаа во пад на воен хеликоптер

Шестмина офицери на пакистанската армија загинаа во уривање на хеликоптер што е втор ваков инцидент …