epa09456846 Investigators at the scene following a fire at a hospital for Covid-19 patients in Tetovo, Republic of North Macedonia, 09 September 2021. At least fourteen deaths have been reported by the Ministry of Health when a fire, thought to have been triggered by oxygen cylinders that provide oxygen to patients with a more severe clinical case of Covid-19, broke out at the hospital on 08 September 2021. EPA-EFE/Georgi Licovski

Четворица германски експерти ќе се вклучат во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница


Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, кој треба да пристигне по завршената претходница деновиве, првично е составен од четворица, и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Ова го соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со германските експерти кои ќе се вклучат во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница.


Во МВР, како што информира тој, веќе се подготвува соодветна поддршка во форма на алат, нацрти, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничкото утврдување на фактите.

– Германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, посочи Арсовски. мс/са/

Скопје, 14 септември 2021 (МИА)


Видете следно

Жените вработени во градските служби во Кабул ќе останат дома

Талибанците им наредија на жените вработени во градските служби во Кабул да останат дома, а …