SAMSUNG CAMERA PICTURES

Четврто издание на фестивалот на детска песна РАСПЕАНО СИМИТЧЕ


Вчера во општина Крива Паланка се оддржа промотивна прес конференција за најава на престојниот фестивал на детска песна ,,Распеано симитче’’, кој е во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, а во соработка и со поддршка на Општина Крива Паланка.

Ова е четврто издание на фестивалот во кој се создазени 15 нови песни, кој ќе ги изведуваат 16 солисти ,  во придружба на детскиот хор ,,Симитчиња’’. Фестивалските настапи ќе бидат на 27 и 28 декември со почеток од 12.00 и од 18.00 часот во просториите на НУ Центар за култура- Крива Паланка. Картите се веќе во продажба и можат да се набават во билетарницата на Центарот за култура, изјави директорот на фестивало, Методи Цветковски.

Директорот на фестивало, Методи Цветковски заблагодарувајќи се на поддршката од страна на општината, изјави дека овој феативал е продукт на повеќе месечна креативна работа со педесетина ангажирани млади деца од Крива Паланка. Во оваа прилика тој упати покана до  сите заинтересирани, да дојдат на фестивалот и да видат и слушнат што се успеале заеднички  да подготват за овогодинешното издание на фестивалот ,,Распеано симитче’’.

  • Општина Крива Паланка е покровител на оваа манифестација и сметам дека нема поубаво нешто од детската песна и насмевка, преку кои најискрено се пренесуваат убавите чувств,а кои треба да не следат во овие предновогодишни и празнични денови и затоа ја користам оваа прилика да ги поканам кривопланчани масовно да го проследат овој несекојдневен радосен настан и да ги пренесат убавите впечатоци и чувства во своето најблиско опкружување, изјави градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Видете следно

Премиерот Заев од Шуто Оризари: Заедно со иницијативите на компании донатори реализираме подобра инфраструктура за достојни услови за граѓаните во ромските населби

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со вицепремиерот и министер за …