Четврток е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2022 година (четврток), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.



Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: „Отворен Балкан” е можност три држави да споделат искуства на полето на културата

Министри за култура, претставници од агенции задолжени за филм, младински културни центри, големи државни и …