Четврток и петок неработни денови за граѓаните припадници на влашката заедница


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2019 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.

Исто така, денес Министерството за труд и социјална политика, соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2019 година (петок), „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Па така, граѓаните припадници на влашката заедница оваа година може да си го продолжат малку повеќе викендот од останатите граѓани.


Видете следно

Кина го покажа возот прототип на маглев, кој достигнува брзина од 600 км / ч

Нов “лебдечки” воз, кој може да достигне брзина од 600 км / ч, прототип на …