Cisco и Facebook ќе нудат бесплатен Wi -Fi


Cisco Systems и Facebook најавија заеднички проект за обезбедување на бесплатен Wi -Fi, соопшти Reuters. Тие ќе работат со големи хотели и трговски синџири, за да обезбедат бесплатен интернет пристап на корисниците кои контактираат со социјалната мрежа.

Проектот, наречен Cisco Connected Mobile Experience with Facebook Wi -Fi, официјално беше соопштен на технолошката конференција Interop во Њујорк од страна на извршниот директор на Cisco, Џон Чемберс.

Идејата е наместо да сака код за пристап до Wi -Fi, клиентот на хотел, ресторан или продавница, да може да се поврзе со Wi -Fi системот.

Така компаниите ќе можат да дознаат повеќе за своите клиенти и ќе ја зголемат лојалноста кон брендовите, и ќе ги упатуваат своите рекламни пораки поефикасно.


Видете следно

Асоцијацијата на финансиски друштва за првпат направи статистиката за индустријата и го истражи јавното мислење за степенот на финансиска писменост

 Постои голема потреба за финансиска инклузија во земјата, загрижува нивото на финансиска писменост  Скопје, 19 …