Commerzbank отпушти уште 5.000 вработени


Втората најголема банка во Германија – Commerzbank ќе отпушти повеќе од 5 000 вработени, пренесува ројтерс. Во финансиската институција работат околу 53 илјади лица.

Засега Commerzbank одбива коментар, додека портпаролот на синдикатот Verdi го утврди бројот како “необјаснив”.

Се претпоставува дека мерките се дел од планот за реконструкција на бизнисот со кредитирање на мало во Германија.

Уште во март главниот финансиски директор Штефан Енгелс објави дека во 2013 година ќе биде преодна година за банката. За првите три месеци финансиска институција објави загуба од 94 милиони евра.

Германскиот весник Handelsblatt пишува дека дел од планот е и затворањето на 1 200 банкарски филијали на Commerzbank.


Видете следно

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) …