Credit Suisse: Во 2014 ќе се забрза растот на економијата


Швајцарската банка Credit Suisse ја објави прогнозата за 2014 година. Според неа ќе се забрза растот на економијата на глобално ниво, а годинава ќе се забележи раст во износ од 3,7 %, пренесува CNBC. Силниот раст ќе биде воден главно од развиените економии, вклучувајќи ги САД и Европа.

Според аналитичарите на банката, глобалниот БДП ќе земе забрзување на растот за првпат овие 3 години и до крајот на 2014година најверојатно ќе достигне ниво од 3,7 %, поголем од просекот за последните 30 години (3,5 %).

Податоците на Credit Suisse покажуваат дека глобалната економија доживеа раст од 2,9% во третиот квартал на 2013 на годишна основа, а светскиот економски раст се крена во втората половина на годината, по три години на забавување.

Тоа дава надежи дека одложувањето по финансиската криза од 2007-2008 веќе е при крај, пишува CNBC.

Податоците од последните анкети на PMI (Purchasing Managers Index) – индикатор за економски раст, исто така, покажуваат побрз раст.


Видете следно

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен – нема промени на нивото на неговиот девизен курс

Имајќи предвид дека во некои медиуми и на социјалните мрежи има објави во коишто се …