Д-р Митов: БЕЗБЕДНО ПАЗАРЕЊЕ При Епидемија!


Периодов сите се трудиме да сме во целосна изолација во нашите домови.

Една од ретките оправдани причини за излегување од домот, покрај самостојните прошетки (ако не сме во ризичните категории или во карантин поради некое наше патување) е и излегувањето поради набавка на неопходни прехранбени намирници. Овие набавки најчесто се вршат во поголемите супермаркети, советува Д-р Митов.

Често поставувано важно прашање во овој контекст е: Како да го сведеме ризикот за добивање или ширење на вирусот на минимум, во текот на овие активности?

Што треба да превземат самите маркети за намалување на ризикот?

Веројатно веќе досега повеќето од маркетите имаат превземено мерки на претпазливост кои се препорачани од здравствените власти. Тоа подразбира примање на одреден број на купувачи во одреден временски интервал во зависност од големината на објектот и одлуката на менаџерите. Потоа, задолжително носење на маски и ракавици и држење на дистанца на касата и низ маркетот. Дезинфицирањето на рацете со дезинфекционо средство пред влегувањето е задолжително во некои маркети.

Секако, битно да се напомене кога сме кај оваа тематика се смирувачките тонови од властите кога станува збор за снабденоста со храна. Властите велат дека има доволно храна и ќе ја има во наредниот период. Затоа, не треба да правиме поголеми залихи од оние што сме ги правеле и претходно! Освен што тоа создава непотребна паника, треба, особено во вакви тешки времиња, да сме солидарни и да мислиме и на другите луѓе и нивните потреби исто како што мислиме на нашите.

Како треба ние да се однесуваме во маркетите за да го сведеме ризикот од добивање и ширење на корона вирусот на минимум?

Податоците од првичните истражување на темата, укажуваат дека вирусот може да остане активен и до 3 дена на тврди површини како пластика и метал. На помеки површини како картон пак, до 1 ден. Ова значи дека во споредба со некои други вируси, кои можат да останат подолго време на разни површини, овој вирус за среќа има помал период на ,,преживување”.

Не постојат конкретни студии кои докажуваат колку време може да биде присутен корона вирусот на површините на пакувањата со храна, но според претходно кажаното веројатно е дека е можно негово задржување одреден период на вакви површини.

– Поголема опасност претставуваат металните колички и пластичните корпи за пазарување

Ова е случај заради тоа што корпите и количките за пазарување се употребуваат од голем број на луѓе во текот на еден ден. Затоа, како совет – носете си свои торби, доколку политиката на маркетот тоа го дозволува.

Како што рековме, вирусот, односно секретните капки кои се испуштени од заболеното лице и се извор на вирусот, можат да преживеат и со денови на цврстите површини. Кога ќе ги допреме овие површини пак, дел од секретните капки можат да се задржат на нашите раце. Ваквата органска средина е уште поповолна за подолго преживување на вирусот. На тој начин, со веќе контаминирани раце, луѓето можат да допрат разни површини.

Важно е да се каже кои се најчестите во супермаркетите:

  • кваките од вратите,
  • копчињата во лифтовите,
  • држачите на корпите за пазарување и количките.
  • По излегувањето од маркетите – кваките од вратите на автомобилите.

За сведување на ризикот на минимум, препорачливо е прскање на држачите на корпите и количките за пазарување со соодветно дезинфекциско средство. Но, како најдобра превентива е дезинфицирањето на рацете пред влезот во маркетот. Многу е важно тоа да се спроведува за сите муштерии, инаку губи смисла.

Исто така носењето на ракавици може да биде корисно во оваа смисла.

– Зошто е дистанцирањето од најмалку 1,5 метар важно?

Друга мерка на претпазливост која треба да ја применуваме во супермаркетите (а и општо во сите, пред сè затворени простории) е соодветното дистанцирање. Некои студии укажуваат на тоа дека вирусот може да се пренесе во затворени, непроветрени простории. Вирусот во такви простории може да биде присутен и до неколку часа.

Ризикот се зголемува и доколку сме во близина на заболени лица кои може да генерираат секретни капки во просторот дури и само со зборување (а со кивање и кашлање, секретните капки можат да патуваат во воздухот и до 3 метри).

Заради овие причини маркетите воведуваат чекање во редови на соодветна дистанца и строго ограничена фреквенција на купувачи во еден временски интервал.

Тука клучна улога игра носењето на маска во маркетите.

На крајот, минимизирајте го времето поминато во маркетот и што е можно помалку допирајте било какви површини и производи

Корисни совети по доаѓањето дома од пазарување

1) Секако миењето раце со сапун и топла вода е приоритет. Тоа е првата работа што треба да ја направите по излегувањата од дома од било кои разумни причини. Исто така, многу е важно правилно да се измијат рацете пред да почнете со готвењето во кујна.

2) Заради ограничената можност на корона вирусот да остане многу долго активен на површините, најлесен начин да се минимизира ризикот од инфекција од набавените продукти е тие да се остават најмалку 3 дена пред се употребат. Ова не може да се примени за продуктите кои треба брзо да се користат, да се стават во фрижидер или да се смрзнат. Со нив може да се однесуваме како со свежата храна.

Но, сепак важно да се каже е дека веројатноста пакувањата на продуктите да се ,,доволно контаминирани” за да можеме да се заразиме е навистина многу мала. Впрочем, како што беше наведено, не постојат студии кои укажуваат дека вирусот се шири на овој начин.

Свежата храна треба убаво да биде измиена, не само заради превентива од корона вирус, туку и заради други контаминенти, како патогени бактерии и други вируси.

Корона вирусот е вирус кој е има обвивка од липидно потекло, односно маснотија. Затоа потoпувањето во оцетна киселина не би имало посебен ефект (инаку за некои други контаминенти како бактерии, ова има ефект). Користењето на мала количина пак, на сапун, во комбинација со вода би било ефективно. Важно е потоа добро да се исплакне овошјето или зеленчукот и рацете да ни бидат добро измиени пред да пристапиме кон миење на свежата храна.


Видете следно

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам со сите партии, услови не прифаќам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во деновите што следат ќе се отворат преговори …